Донечка Област (украински: Донецька область; исто така се нарекува и Донечшчина - украински: Донеччина) — област (покраина) во источниот дел на Украина. Административен центар на областа е градот Донецк.
Според пописот на населението во 2001 година, најголемиот дел од населението во Донечката Област го сочинуваат Украинците (56,87%), а остатокот го сочинуваат Руси (38,22%), Грци, Белоруси, Татари, Ерменци, Евреи и други.