Миус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Миус
Mius view3.jpg
Миус кај Таганрог
УкраинаДонечка област, Луганска област
РусијаРостовска област
Слив
Главен извор48°16′44.46″N 38°32′15.75″E / 48.2790167° СГШ; 38.5377083° ИГД / 48.2790167; 38.5377083
УстиеАзовско Море (Таганрошки Залив)
47°16′40″N 38°48′33.8″E / 47.27778° СГШ; 38.809389° ИГД / 47.27778; 38.809389Координати: 47°16′40″N 38°48′33.8″E / 47.27778° СГШ; 38.809389° ИГД / 47.27778; 38.809389
Сливна повр.6 680 км2
Физички особености
Проток

Миус (украински: Міус, руски: Миус) — река во Украина и Русија. Долга е 258 км, а сливното подрачје зафаќа 6 680 км2.[1]

Течение[уреди | уреди извор]

The извира од Донечкото Горје во Донечката област, југоисточна Украина. Тече низ таа област, а потоа и низ Луганската во источна Украина; потоа преминува во Ростовкста област во Русија; на крајот завршува влевајќи се во Азовското Море на североисточниот крај од средоземниот слив.

Устието на Миус се наоѓа во Таганрошкиот Залив на Азовско Море, западно од градот Таганрог, Русија.

Поважни притоки[уреди | уреди извор]

  • Десни: Глухаја, Ољховчик Кринка
  • Леви: Миусик, Крепењкаја, Нагољнаја

Историја[уреди | уреди извор]

Реката е позната под ова име уште во древноста, кога подрачјето го населувале иранојазични народи како Скитите и Сарматите.[2] На овие јазици, името Миус значи „бакар“ (спор. таџички: мис). За ова сведочи распространетоста на бакарните рудници на подрачјето на Донбас во бронзеното време.[3]

Миус се прочул во Втората светска војна, кога долж неа во 1941 г. германскиот генерал Евалд фон Клајст ја изградил силно утврдената одбранбена линија наречена „Миуски фронт“. Помеѓу 1941 и 1943 г. овде се одиграле низа жетоки борби во Битката кај Ростов. Во 1943 г. е спроведена т.н. Донбаска операција со која советската војска конечно успеала да го пробие Миускиот фронт кај селото Кујбишево.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Миус“. Голема советска енциклопедија. конс. 17 јануари 2019.  (руски)
  2. „Озёра Южного Урала (буква М)“. toposural.ru. конс. 2019-01-17.  (руски)
  3. „ГЕОЛОГО-МИНЕРАЛОГИЧЕСКИЕ ИССЛЕДОВАНИЯ ДРЕВНИХ МЕДНЫХ РУДНИКОВ В ДОНБАССЕ“. www.masters.donntu.edu.ua. Архивирано од изворникот на 2014-10-16. конс. 16 октомври 2014. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]