Од Википедија — слободната енциклопедија
Черкаска област Черкаська область
Знаме
Местоположба
Информации
Админ. центар :Черкаси
Официјални јазици :Украински
Површина :20 900 km²
Население :1 281 900 (01.08.2011)
Број на реони :20
Регистерска ознака :CA
Областен управител :Jуриj Ткаченко
Черкаска област (украински : Черкаська область ; исто така се нарекува Черкашчина - украински: Черкащина ) е област (покраина ) во централниот дел на Украина . Административен центар на областа е градот Черкаси .
Черкаска област има вкупна површина од 20.900 км2 . На запад се граничи со Виничката област , на север со Киевската , на југ со Кировоградската , а на исток со Полтавската област . Во областа има 839 села и 16 градови. Најголемата река: Днепар , други значајни реки во областа се: Рос , Тјасмин , Планински Тикич .
Според пописот на населението во 2001 година, во Черкаска област живеат најмногу Украинци (90%), а останатите се Руси (8%), Белоруси , Татари , Евреи , Молдавци , Ерменци .