Сказна за рибарот и рипката

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Приказ на сказната на поштенска марка 

Сказна за рибарот и рипката (руски: Сказка о рыбаке и рыбке, Skazka o rybake i rybke) е бајка во стихови на Александар Пушкин. Пушкин ја напишал во текот на есента 1833 година, а првпат е печатена во списанието за книжевност Библиотека за читање (Biblioteka dlya chteniya) во мај 1835 година. Приказната зборува за рибарот кој фатил „златна рипка“, и која му ветила дека ќе му исполни било каква желба ако ја ослободи. Натаму приказната тече слично на руската бајка „Алчната старица“ и бајката на Браќата Грим „Рибарот и неговата жена“.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во поемата на Пушкин, старецот и неговата жена живееле сиромашно многу години.[1] Имале мала колиба, а старецот секој ден одел да лови риби. Еден ден, откако ја фрлил мрежата, уловил морски алги, а третиот пат извлекол златна рипка. Рипката го молела да ја ослободи, и му ветила дека ќе му исполни било каква желба. Старецот уплашен од фактот дека рипката зборува, ја ослободил велејќи дека не сака ништо.

Кога се вратил во колибата, ѝ раскажал на својата сопруга за златната рипка, а таа се налутила и му рекла да појде и да побара од рипката ново корито, бидејќи нивното било скршено. Старецот така и направил, а рипката со задоволство ја исполнила оваа мала желба. Наредниот ден, неговата сопруга побарала нова куќа, а рипката ја исполнила и оваа желба. Потоа незаситната жена побарала палата, побарала да биде аристократка, да биде владетелка на провинцијата, да биде царица, а на крајот да биде господарка на морето, како и рипката да биде целосно потчинета на нејзината волја. Старецот одел да замоли за секоја нова желба на својата жена, а секојпат морето било сè повеќе разбуркано. На последното барање, старецот едвај можел да се чуе себеси. Кога старецот го поставил барањето од својата жена, која посакала да биде господарка на морето, златната рипка ја вратила во старата колиба, заедно со скршеното корито.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Пушкин, „Лирика, сказни“, том I, Наша книга, Скопје, 1986. стр. 229