Рибарот и рипката и други сказни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Рибарот и рипката и други сказни е збирка песни од Александар Сергеевич Пушкин, објавена од страна на издавачката куќа „Детска радост“ во 1998 година. Изборот на песните и преводот од руски јазик ги направил Георги Сталев.

Технички податоци[уреди | уреди извор]

Книгата е отпечатена во мек повез, со димензии од 20 сантиметри и има 107 страници. Каталогизацијата е извршена од Народната и универзитетска библиотека „Климент Охридски“ од Скопје, а книгата ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-269-3. Илустрациите во книгата ги направила Даниела Андонова, дизајнот и графичкото уредување е дело на Димче Исаиловски, а коректурата ја извршила Оливера Ќорвезироска. Книгата е испечатена во печатницата на НИП „Нова Македонија“.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката ги содржи следниве песни:[2]

  • Сказна за рибарот и рипката
  • Сказна за царот Салтан, за неговиот син славниот и силен јунак кнезот Гвидон Салтанович и за прекрасната царска ќерка Лебедица
  • Сказна за златното петле
  • Сказна за попот и за неговито момок Балда
  • Сказна за мртвата царска ќерка и за седумте јунаци.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. А. С. Пушкин, Рибарот и рипката и други сказни, Детска радост, Скопје, 1998.
  2. А. С. Пушкин, Рибарот и рипката и други сказни, Детска радост, Скопје, 1998.