НИП „Нова Македонија“
| Новинско издавачко претпријатие „Нова Македонија“ | |
|---|---|
| Основана | 1944 |
| Основач | АСНОМ |
| Статус | ликвидирано |
| Земја на потекло | ДФ/НР/СР Македонија, ФДЈ/ФНРЈ/СФРЈ Македонија |
| Место | Скопје |
„НИП „Нова Македонија“ — македонско поранешно новинско издавачко претпријатие, основано од страна на АСНОМ во 1944 година. Како последица на недоспеани долгови кон доверители, во 2003 година била отворена стечајна постапка на претпријатието, а четири години подоцна тоа било ликвидирано. За време на своето повеќедецениско постоење, ова претрпијатие ги издавало дневните весници „Нова Македонија“ и „Вечер“, неделниците „Пулс“, „Екран“ и „Котелец“, како и весниците на народностите во Македонија: „Флака“ на албански јазик и „Бирлик“ на турски јазик.
Организација и раководење
[уреди | уреди извор]НИП „Нова Македонија“ била организирана како работна организација (скратено: РО), а во нејзиниот состав работеле следниве основни организации на здружениот труд (скратено: ООЗТ):[1]
- „Детска радост“
- Печатница
Директори на НИП „Нова Македонија“ биле:
- Ванчо Апостолски[2]
- Панче Михајлов[3]
- Радослав Огњановски[4]
- Панде Колемишевски[5]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Живко Николовски, Низа ситно нанижана. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 59.
- ↑ Николај Носов, Преживелиците на Незнајко и на неговите пријатели (приказна). Детска радост, Скопје, 1980, стр. 152.
- ↑ Живко Николовски, Низа ситно нанижана. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 59.
- ↑ Славка Манева, Волшебниот лифт. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 71.
- ↑ Генади Болиновски, Игра на прозорец, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1990, стр. 80.