Руслан и Људмила

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Руслан и Људмила (pуски: Руслан и Людмила) е првото позначајно дело на рускиот книжевник Александар Пушкин. Делото е базирано на бајките кои Пушкин ги слушал од баба си. Делото било објавено во 1820. година. Тоа е напишано во форма на епска бајка и зборува за киднапирањето на Људмила, ќерката на Владимир Велики, и храбриот витез кој се обидува да ја спаси од злокобниот волшенбик.

Создавање на делото[уреди | уреди извор]

Создавањето на ова дело, Пушкин го започнал во 1817. година, кога уште бил ученик во Церската гимназија. Пред да биде објавено, Пушкин бил прогонет на југот од Русија поради своите политички ставови, кои ги искажал во другите дела, како во „Ода на слободата“.

Адаптации[уреди | уреди извор]

Во периодот помеѓу 1837. и 1842. година, рускиот композитор Михаил Глинка, на основа на делото на Пушкин, ја создал истоимената опера. Во 1915. година, под влијание на ова дело, бил снимен нем филм. Во 1972. година, во Советскиот Сојуз бил снимен и втор филм, во кои главните улоги ги толкуваат Валериј Козинец и Наталија Пертова.