Прејди на содржината

Орал

Координати: 51°14′N 51°20′E / 51.233° СГШ; 51.333° ИГД / 51.233; 51.333
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Уралск)
Орал
Орал
Град
Поглед кон Резиденцијата на поглаварот на Уралските Козаци.
Поглед кон Резиденцијата на поглаварот на Уралските Козаци.
Грб на Орал
Орал is located in Казахстан
Орал
Орал
Локација на Орал во Казахстан
Координати: 51°14′N 51°20′E / 51.233° СГШ; 51.333° ИГД / 51.233; 51.333
Земја Казахстан
ОбластЗападноказахстанска
Основан1584
Статус на град1613
Управа
 • Akim (градоначалник)Нурдаулет Килибаи
Површина
 • Вкупна700 км2 (300 ми2)
Надм. вис.&1000000000000003500000035 м
Население (2020)
 • Вкупно314 657
 • Густина300/км2 (800/ми2)
Час. појасUTC+5 (UTC+5)
Пошт. бр.090000 - 090013
Повик. бр.+7 7112
Рег. таб.07
Мреж. местоhttps://www.uralsk.gov.kz/en/

Орал (казашки: Орал, Oral; руски: Уральск), порано познат како Јаицк (руски: Яицк, до 1775 година), е град во северозападен Казахстан, на сливот на реките Урал и Чаган близу до руската граница. Тој е главен град на Западноказахстанска област. Во етничкиот состав доминираат Казаците (69%) и Русите. Население: 314 657 (резултати од попис во 2020 година).

Орал е земјоделски и индустриски центар и е важна трговска станица од нејзиното основање. Сообраќајот се одвивал по реката Урал од Каспиското Езеро и Уралските Планини со векови. Денес е една од најголемите влезни точки за железнички сообраќај од Европа до Сибир, сервисирање на многу нови нафтени полиња во каспискиот слив и индустриските градови на јужниот дел на Урал.

Историја

[уреди | уреди извор]
Советска мапа на Орал

Орал е основана во 1613 година од Козаци, и првично го добил името Јаицк, по реката Јаик, името на реката Урал во тоа време. Во 1773 година се случи првиот козачки бунт против локалниот руски командант генерал Траубенберг, предводен од Јемелијан Пугачов. Траубенберг бил убиен заедно со уште неколку офицери.

Градот бил заземен од Пугачoв, а неговата тврдина била опсадена од 30 декември 1773 година до 17 април 1774 година. Царските трупи под команда на генерал Мансуров повторно го зазеле градот.

Како казна за козаците Јаик кои застанале на страната на востаниците, царицата Катерина Втора објавила на 15 јануари 1775 година дека реката Јаик отсега ќе се преименува во река Урал, а Јаицк ќе биде познат како Уралск.

Александар Пушкин го посетил градот со неговиот пријател Владимир Дал во септември 1833 година додека ја пишувал неговата книга „Историја на Пугачов“ (1834) и неговиот роман „Ќерката на капетанот“ (1836).[1]

Градот бил под опсада наметната од Козаците за време на Руската граѓанска војна од 1917 до 1922 година. Во неговата одбрана учествувале Михаил Фрунзе, Василиј Чапаев и Георги Жуков.

По независноста на Казахстан во 1991 година, Уралск беше преименуван во Орал.

Географија

[уреди | уреди извор]

Климата на Орал е со континентален тип, кој се одликува со долги студени зими и топли лета.[2]

Орал се смета за еден од најчистите градови во Казахстан.

Климатски податоци за Орал
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 6.6
(43.9)
5.6
(42.1)
21.6
(70.9)
31.1
(88)
35.4
(95.7)
40.6
(105.1)
41.6
(106.9)
40.8
(105.4)
38.8
(101.8)
28.0
(82.4)
18.0
(64.4)
8.7
(47.7)
41.6
(106.9)
Прос. висока °C (°F) −6.5
(20.3)
−6.2
(20.8)
0.4
(32.7)
14.1
(57.4)
22.7
(72.9)
28.1
(82.6)
29.9
(85.8)
28.2
(82.8)
21.6
(70.9)
12.0
(53.6)
1.5
(34.7)
−4.7
(23.5)
11.8
(53.2)
Сред. дневна °C (°F) −10.4
(13.3)
−10.6
(12.9)
−4.1
(24.6)
7.9
(46.2)
15.7
(60.3)
21.0
(69.8)
22.9
(73.2)
20.9
(69.6)
14.4
(57.9)
6.3
(43.3)
−2.0
(28.4)
−8.2
(17.2)
6.2
(43.2)
Прос. ниска °C (°F) −14.2
(6.4)
−14.8
(5.4)
−8.2
(17.2)
2.4
(36.3)
8.8
(47.8)
14.0
(57.2)
16.1
(61)
14.1
(57.4)
8.2
(46.8)
1.9
(35.4)
−5.1
(22.8)
−11.7
(10.9)
1.0
(33.8)
Најниска забележана °C (°F) −43.1
(−45.6)
−40.5
(−40.9)
−35.2
(−31.4)
−24.3
(−11.7)
−6.8
(19.8)
−1.1
(30)
4.3
(39.7)
0.4
(32.7)
−7.6
(18.3)
−19.2
(−2.6)
−32.6
(−26.7)
−39.2
(−38.6)
−43.1
(−45.6)
Прос. врнежи мм (ин) 28
(1.1)
20
(0.79)
24
(0.94)
21
(0.83)
29
(1.14)
32
(1.26)
43
(1.69)
26
(1.02)
28
(1.1)
40
(1.57)
29
(1.14)
29
(1.14)
349
(13.74)
Прос. бр. дождливи денови 5 4 6 9 10 11 10 9 10 12 10 7 103
Прос. бр. снежни денови 20 16 10 2 0.2 0 0 0 0.1 3 11 18 80
Прос. релативна влажност (%) 83 81 81 65 55 57 58 57 61 73 83 83 70
Сред. бр. сончеви часови месечно 84 120 165 227 314 304 324 293 220 136 64 65 2.316
[се бара извор]

Население

[уреди | уреди извор]

Населението во Орал е главно составено од Казаци, иако од моментот на основањето на градот до распадот на СССР, Русите беа најголемата етничка заедница во градот. Има и Украинци, Татари и претставници на други народи.

На почетокот на 2020 година, населението на градот изнесувало 234 155 жители, додека на метро областа на градот Орал живееле 314 657 лица.[3]

Година Население
1897 36 466
1959 103 914
1970 134 162
1979 167 352
1989 199 835
1991 214 000
1999 195 459
2004 195 811
2008 208 814
2012 218 136
2016 232 514
2019 234 155

Етнички состав

[уреди | уреди извор]

Етничкиот состав на жителите на Орал (на почетокот на 2020 година)[4]:

Народ Вкупно Удел (%)
Казаци 216 307 68.74
Руси 84 090 26.72
Татари 4 940 1.57
Украинци 3 230 1.03
Азери 1 296 0.41
Корејци 663 0.21
Германци 660 0.21
Белоруси 635 0.20
Узбеци 444 0.14
Чеченци 350 0.11
Ерменци 332 0.11
Башкири 151 0.05
други 1 559 0.50
вкупно 314 657 100.00

Транспорт

[уреди | уреди извор]

Железница

[уреди | уреди извор]

За прв пат, железничка линија беше донесена во Орал во 1894 година. Тоа беше пругата Рјазањ-Урал. Станицата со бедеми во стилот на минарињата од Средна Азија најпрво се наоѓала далеку од градот, па Лав Николаевич Толстој напишал дека од станицата отишол во градот „... преку степата обрасната со телеграфски столбови“.

За време на советскиот период, градот растеше, сега станицата се наоѓаше практично во центарот на градот. Поради зголемувањето на бројот на патници во 70-тите години на минатиот век, се бараше изградба на нова станица; истовремено беше урнат и стариот архитектонски споменик од 19 век.

Во моментов, има редовна железничка линија со старата и новата престолнина на Казахстан - градовите Алмати и Нур-Султан, како и рускиот град Саратов.

Аеродром

[уреди | уреди извор]

По реконструкцијата во 90-тите, аеродромот Орал доби статус на меѓународен аеродром, сместен на 16 километри од градот, недалеку од приградското село Подстопноје.

На 3 јули 2019 година, започна реновирање и модернизација на терминалот на аеродромот. По модернизацијата, патничкиот сообраќај ќе се зголеми од 160 илјади на 350 илјади луѓе, а терминалната површина ќе се зголеми од 4000 квадратни метри на 7500 квадратни метри .

Од 2017 година, Аеродромот извршува летови кон Москва, Франкфурт, Атирау, Актау, Нур-Султан и Алмати.

Стадион во Орал

Бенди е главниот спорт во градот. Спортскиот клуб Акжајик, кој ги игра своите домашни натпревари на стадионот „Јуност“, е единствениот професионален тим во земјата и игра во 2-та највисока дивизија на Русија. Во септември 2017 година, Казашката Бенди федерација го купи клубот.

Градот испрати тим на Спартакијаде 2009 и заврши на второто место. Сите играчи на репрезентацијата до 23 години во сезоната 2013/14 дојдоа од Орал. Откако репрезентативците на Казахстан го освоија златниот медал на Азиските зимски игри 2011, тимот се врати во Орал со триумф.

Неколку поранешни жители сега живеат во Германија и играат за германската репрезентација.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Uralsk Travel Guide“. Caravanistan (англиски). Посетено на 2020-11-28.
  2. „Погода и Климат - Климат Уральска“. web.archive.org. 2016-11-25. Архивирано од изворникот на 2016-11-25. Посетено на 2020-11-28.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. „stat.gov.kz“. stat.gov.kz. Посетено на 2020-11-28.
  4. „Kazakhstan ethnic composition“.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]