Шимкент

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шимкент
Shymkent city downtown.jpg
ДржаваКазахстан
основан12 век
Управа
 • Аким (градоначалник)Габидула Абдрахимов
Површина
 • Вкупна1.162.8 км2 (449.0 ми2)
Надм. вис.&10000000000000506000000506 м
Население (2018 проценка)[1]
 • Вкупно1,002,291
 • Густина860/км2 (2,200/ми2)
поштенски број160000
Повик. бр.(+7) 7252
Рег. таб.17
Мреж. местоshymkent.gov.kz/en

Шимкент (казашки: Шымкент, شىمكەنت, до 1993 познат како Чимкент;[2] узбечки: Чимкент, چىمكېنت; руски: Чимкент) – град во Република Казахстан, еден од трите града кои имаат статус еднаков на област (град со државно значење[3]). Тој е трет најнаселен град во Казахстан, зад Алмати и Астана со проценето население од 1.002.291 на 1 јуни 2018 година.[1] Според регионалните и градски официјални лица, милионитиот жител на Шимкент бил роден на 17 мај 2018 година.[4] Шимкент е главна железничка крстосница на пругата Туркестан-Сибир, а има и меѓународен аеродром. Градот, исто така е значаен културен центар. Шимкент се наоѓа на 690 км западно од Алмати и 120 км северно од Ташкент, Узбекистан.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Зборот Чимкент доаѓа од два согдиски збора, чим што значи 'бусен' и кент што значи 'град', следователно преведено Чимкент би значел „град во трева“.

По добивањето на независност, градот бил преименуван во Шимкент во 1993 година како дел од владината кампања за употреба на казашки имиња на градовите. Новото име се користи само во Казахстан, додека другите земји го користат првичното Чикмент.

Историја[уреди | уреди извор]

Шимкент бил основан во дванаесеттиот век [5] како каравансарај за да се заштити градот Сајрам, 10 км на исток. Шимкент се развил како пазарен центар за трговија меѓу туркиските номади и Согдијанците. Неколку пати бил уништуван: од Џингис-кан, од војниците од јужните ханства и од номадските напади. Во раните години на 19 век станал дел од Кокандското Ханство. Русите го освоиле во 1864 година. [6] Бил преименуван во Чернаев во 1914 година и името Чимкент му било вратено во 1924 година. По руското освојување, Шимкент бил град на трговија меѓу номадските Турци и стационарните Турци и бил познат по својот кумис.[7]

Во близина на Шимкент постоел гулаг и многу луѓе кои зборувале руски дошле во подрачјето преку затворот.[8]

Во јануари 2015 година, власта на Шимкент испратила барање до УНЕСКО градот да биде прогласен за стар град.[9]

До 2018 година, Шимкент бил административен центар на Јужноказахстанската Област. На 19 јуни 2018 година бил изваден од Јужноказахстанската Област и ставен директно под владата на Казахстан. Административен центар на областа станал Туркестан, а областа била преименувана во Туркестанска Област.[10]

Географија[уреди | уреди извор]

Клима[уреди | уреди извор]

Шимкент има континентална медитеранска клима која се граничи со медитеранската клима. Шимкент има топли, релативно суви лета и студени зими. Зимите тука се значително потопли отколку во посеверните градови како Алмати и Астана, со средна месечна температура за време на најстудениот месец во градот (јануари) во просек околу -1 ° C. Има чести зимски снежни врнежи, иако има и. Просечните годишни снежни врнежи во Шимкент изнесуваат околу 600 милиметри.

Климатски податоци за Шимкент (1981–2010)
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 22,2 25,2 30,7 33,0 37,8 43,0 42,6 42,2 39,2 34,4 30,5 25,4 43,0
(nil)
Прос. висока °C (°F) 4,1 6,6 12,9 19,2 25,1 30,0 32,7 32,1 27,2 18,8 12,1 6,0 18,9
Сред. дневна °C (°F) -0,7 1,6 7,6 13,6 19,1 23,7 26,3 25,3 19,9 12,3 6,4 0,9 13,0
Прос. ниска °C (°F) -4,8 -2,7 3,0 8,3 12,9 16,7 19,1 17,9 12,8 6,6 1,7 -3,1 7,4
Најниска забележана °C (°F) -31,1 -28,9 -23,9 -5,0 -2,8 5,5 7,8 6,2 -1,1 -12,0 -30,0 -26,1 -31,1
(nil)
Прос. врнежи мм (ин) 73
(2.87)
70
(2.76)
83
(3.27)
69
(2.72)
56
(2.2)
16
(0.63)
12
(0.47)
4
(0.16)
10
(0.39)
41
(1.61)
67
(2.64)
75
(2.95)
576
(22.68)
Прос. бр. дождливи денови 5 7 9 9 9 5 4 3 3 6 6 6 72
Прос. бр. снежни денови 8 7 4 0,3 0 0 0 0 0 0,4 3 6 29
Прос. релативна влажност (%) 75 73 67 63 56 44 39 34 39 55 69 75 57
Извор: Pogoda.ru.net[11]

Вегетација[уреди | уреди извор]

Вегетацијата[12] е позната по својата екстремна разновидност. Дрвја како даб, брест, топола, јавор, врба, костен, акација, ајлант, туја, бор, смрча во градот. Широко распространети се хортикултурни култури од цреша, кајсија, слива, калинка, орев, дуња, разни сорти на грозје.

На север од градот во 1980 година бил изграден „Дендропарк“. Зафаќа површина од 150 хектара и има половина милион дрвја и грмушки од 1360 различни видови. Најголемиот број од нив се ретки и егзотични видови.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според владините проценки во 2012 година, градот броел 669.326 жители.[14] Во 2009 година, населението на Шимкент броело
603.499 жители (2009);[15] во 1999 било 423.902 жители (1999).[15]

На почетокот на 2015 година, на Шимкент му се приклучиле околните подрачја. Така, населението се зголемило на 858.147 жители во рамките на новите граници. [16] Во тоа време, претходното подрачје на Шимкент броело 711.783 жители [17]. На 1 јуни 2018 година, населението на Шимкент достигнало 1.002.291 жител.[1]

Економија[уреди | уреди извор]

Порано доминирала експлоатацијата на рудници на олово, индустрискиот раст почнал во 1930-тите години.

Топилница на олово била отворена во Шимкент во 1934[18] или 1938 година.[19] Таа го задоволувала најголемиот дел од потребите од метали во СССР, бакар и олово, но и други метали, вклучувајќи и три четвртини од сите куршуми испукани од Црвена армијаЦрвената армија. Топилницата продолжила со работа до 2008 година предизвикувајќи екстремни нивоа на загадување (олово, кадмиум и др.) во околното земјиште и потоа контроверзно била рестартирана во 2010 година во рамките на една голема компанија од Обединетото Кралство, Казахмис.[18]

Во градот исто така има индустрии кои произведуваат рафиниран цинк, прехранбени и фармацевтски производи. Исто така, градот има рафинерија од средна големина со која управува Петро Казахстан.

Транспорт[уреди | уреди извор]

Во Шимкент функционира систем за изнајмување велосипеди со 40 станици низ градот.[20]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Град Земја Година
Стивениџ  Обединето Кралство
Измир  Турција
Адана  Турција
Могиљев  Белорусија
Гросето  Италија
Патаја  Тајланд
Хучанд  Таџикистан
Хургада[21]  Египет 2018

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Об изменении численности населения Республики Казахстан с начала 2018 года до 1 июня 2018 года
  2.  Chimkent“. Енциклопедија Британика (XI) 6. (1911). Cambridge University Press. (англиски)
  3. Nurlan Sauranbayev. "Congratulation of Shymkent city akim N. Sauranbayev with the acquisition the city of republican significance". Архивирано од изворникот на 2018-06-22. 
  4. Shymkent's Akimat. "A millionth resident of Shymkent received an apartment as a gift". Архивирано од изворникот на 2018-06-13. 
  5. Peoples of central Asia. By Lawrence Krader. Published by Indiana University, 1971
  6. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/111610/Shymkent
  7. Through Russian central Asia. By Stephen Graham. Published by The Macmillan Company, 1916
  8. The Gulag Archipelago, 1918–1956: an experiment in literary investigation. By Aleksandr I. Solzhenitsyn, H. T. Willetts, Thomas P. Whitney. Published by Westview Press, 1997
  9. "Shymkent Seeks UNESCO Recognition As 2,200-Year-Old City". www.astanatimes.com. 
  10. "Публичное подписание Указа «О некоторых вопросах административно-территориального устройства Республики Казахстан»" (Russian). President of Kazakhstan. 19 June 2018. 
  11. "Weather and Climate - The Climate of Shymkent" (Russian). Weather and Climate (Погода и климат). Архивирано од изворникот на 25 November 2016. конс. 25 November 2016. 
  12. https://ru.wikipedia.org/wiki/%D0%A8%D1%8B%D0%BC%D0%BA%D0%B5%D0%BD%D1%82#%D0%A0%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D1%8C%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82%D1%8C
  13. www.stat.kz Архивирано 2012-11-16 во Wayback Machine.
  14. "List of Localities with Population - Akimat of the South Kazakhstan Region". ontustik.gov.kz. 29 September 2015. 
  15. 15,0 15,1 "Население Республики Казахстан". Департамент социальной и демографической статистики. конс. 8 December 2013.  Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „kz2009Census“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  16. Численность населения Республики Казахстан по областям, городам и районам на начало 2015 года
  17. Численность населения Республики Казахстан по областям, городам и районам на 1 января 2015 года
  18. 18,0 18,1 People & Power (TV programme), Al Jazeeera English, Robin Forestier, 20 February 2014
  19. The USSR. By John C. Dewdney. Published by Dawson, 1976
  20. Shymkent Bike
  21. "اتفاقية توأمة بين الغردقة وإقليم جنوب كازاخستان لتنشيط السياحة |صور". بوابة الأهرام (Arabic). конс. 2018-07-14. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]