Балхаш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Балхаш
Балқаш
Град
Центар на градот
Центар на градот
Грб на Балхаш
Грб
Балхаш is located in Казахстан
Балхаш
Балхаш
Местоположба на Балхаш во Казахстан
Координати: 46°50′53″N 74°59′42″E / 46.84806° N; 74.99500° E / 46.84806; 74.99500Координати: 46°50′53″N 74°59′42″E / 46.84806° N; 74.99500° E / 46.84806; 74.99500
Земја Казахстан
ОбластКарагандинска
Основан1931
Статус на град1937
Управа
 • Akim (Градоначалник)Нурлан Ерикбаевич Аубакиров
Површина
 • Вкупна230 км2 (90 ми2)
Надм. вис.&10000000000000440000000440 м
Население (2019)
 • Вкупно72 892
 • Густина339,14/км2 (878,4/ми2)
Часовен појасCET (UTC+6)
Пошт. бр.100300 - 100316
Повик. бр.+7 71036
Рег. таб.09
Мреж. местоbalkhash.gov.kz

Балкхаш (казашки: Балқаш, Balqash; руски: Балхаш) — град во Казахстан, во Карагандинска област, сместен на северниот брег на Балхашкото Езеро, на Заливот Бертис. Според проценката од 2019 година градот има 72 892 жители.

Раѓањето и развојот на градот е резултат на откривањето на богати наоѓалишта на бакарна руда во 1928 година. Балкхаш е основан во 1937 година како индустриски град, насочен кон рударството и топењето на бакар. Градот лежи приближно 500 км западно од кинеската граница, на северниот брег на езерото на надморска височина од 440м.

Историја[уреди | уреди извор]

На 11 април 1937 година, малата работничка населба „Прибалхашстрој“, подигната во врска со изградбата на топилница за бакар (БГМК), беше трансформирана во градот Балхаш со одлука на Централниот извршен комитет на Казахстанската ССР.

На 9 ноември 1932 година, во градот е основано првото училиште - училиште број 1. Во училиштето се образувале децата на работниците во топилницата за бакар. Во 1935 година, е отворена секција за падобранство. Нејзиниот прв директор е Душембаев.

За време на Големата патриотска војна (руски термин за Втората светска војна), поголемиот дел од машката популација била регрутирана во армијата, па жените биле принудени да ги заменат во фабриката за бакар. По Втората светска војна, јапонски воени заробеници учествуваат во изградба и реконструкција на градот. Како особено важни се „Палатата на металурзите“ и локалниот аеродром.

По распадот на Советскиот Сојуз, помеѓу 1992 и 1996 година, градот и неговите жители, како и повеќето поранешни советски граѓани, се наоѓаат во голема криза, вклучувајќи прекини на електричната енергија, слабо централно греење и наизменично работење на фабриката за бакар. Некои луѓе готвеле на пожари кои ги правеле во нивните дворови. Кон крајот на 90-тите, економијата на градот и на земјата се стабилизираа. Изградена е нова населба во градот, таканаречени „канадски колиби“. Сите училишта, медицински установи и универзитетот продолжија да функционираат нормално.

Клима[уреди | уреди извор]

Балхаш има Степска клима со топли лета и многу студени зими. Врнежите се мали во текот на целата година. Снегот е вообичаен, иако слаб, во зима. Најниската регистрирана температура е − 41,2 °C (− 42,2 °F), забележана во декември 1938 година, а највисоката температура е 40,9 °C (105,6 °F), евидентирана во јули 2005 година.[1]

Климатски податоци за Балхаш
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 3.9
(39)
6.1
(43)
24.5
(76.1)
32.5
(90.5)
34.4
(93.9)
37.6
(99.7)
40.9
(105.6)
39.5
(103.1)
37.6
(99.7)
27.2
(81)
17.4
(63.3)
7.5
(45.5)
40.9
(105.6)
Прос. висока °C (°F) −8.7
(16.3)
−6.7
(19.9)
1.7
(35.1)
14.3
(57.7)
22.1
(71.8)
27.9
(82.2)
29.6
(85.3)
28.1
(82.6)
21.7
(71.1)
12.9
(55.2)
3.0
(37.4)
−5.2
(22.6)
11.7
(53.1)
Сред. дневна °C (°F) −13.3
(8.1)
−12.1
(10.2)
−3.6
(25.5)
8.3
(46.9)
16.4
(61.5)
22.3
(72.1)
24.2
(75.6)
22.4
(72.3)
15.6
(60.1)
7.1
(44.8)
−1.8
(28.8)
−9.7
(14.5)
6.3
(43.3)
Прос. ниска °C (°F) −17.6
(0.3)
−16.8
(1.8)
−8.2
(17.2)
3.1
(37.6)
10.7
(51.3)
16.3
(61.3)
18.5
(65.3)
16.3
(61.3)
9.3
(48.7)
2.0
(35.6)
−5.7
(21.7)
−13.7
(7.3)
1.2
(34.2)
Најниска забележана °C (°F) −40.1
(−40.2)
−40.2
(−40.4)
−30.8
(−23.4)
−14.2
(6.4)
−5.5
(22.1)
4.0
(39.2)
6.9
(44.4)
3.7
(38.7)
−4.7
(23.5)
−14.8
(5.4)
−32.7
(−26.9)
−41.2
(−42.2)
−41.2
(−42.2)
Прос. врнежи мм (ин) 13
(0.51)
11
(0.43)
12
(0.47)
10
(0.39)
15
(0.59)
12
(0.47)
14
(0.55)
9
(0.35)
4
(0.16)
9
(0.35)
16
(0.63)
13
(0.51)
138
(5.43)
Прос. бр. дождливи денови 2 2 5 7 9 8 9 6 4 7 7 4 70
Прос. бр. снежни денови 15 14 7 1 0.1 0 0 0 0 1 8 15 61
Прос. релативна влажност (%) 79 78 74 56 51 46 49 47 47 60 75 79 62
Сред. бр. сончеви часови месечно 153 179 228 276 335 367 377 363 299 222 151 131 3.081
Извор бр. 1: pogoda.ru.net[2]
Извор бр. 2: NOAA (sun only, 1961–1990)[3]

Администрација[уреди | уреди извор]

Поради назначувањето на поранешниот градоначалник Кадиржан Тејлјанова за претседател на Комитетот за риболов на Министерството за земјоделство на Република Казахстан, Нурлан Ерикбаевич Аубакиров (роден на 29.12.1975) — градоначалник на Балкаш од 29 мај 2012 година.

Градот Балхаш гледан од југ.

Градската власт на Балхаш, исто така, управува со населбите Сајак (3669 лица), Гулшат и Чубар-Тубек (625 лица). Во мај 1997 година, администрацијата со градот Балхаш беше префрлен од Жезказганската област во Карагандинска област поради промени на границите на областите.

Население[уреди | уреди извор]

Вкупното население на градот и околните места е 75.453 лица.

Етнички групи[уреди | уреди извор]

Етнички гледано, населението е составено од[4]:

Народ Вкупно Удел (%)
Казаци 50.307 64,94
Руси 19.823 26,20
Украинци 1.169 1,94
Германци 1.032 1,83
Корејци 1.172 1,55
Татари 1.080 1,43
Белоруси 229 0,37
други 1.548 1,74

Јазик[уреди | уреди извор]

Во последниве години, бројот на руски говорници драматично опаѓа, но тоа е повеќе од компензирано со приливот на Казахстанци, кои доаѓаат претежно од рурални области, што резултира со пораст на населението во градот по значителниот пад во 90-тите години на минатиот век.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Климат Балхаша - Погода и климат“. www.pogodaiklimat.ru. Посетено на 2020-11-06.
  2. „pogoda.ru.net Погода и Климат“. Посетено на October 20, 2016.
  3. „Balhash Climate Normals 1961-1990“. National Oceanic and Atmospheric Administration. Посетено на January 10, 2012.
  4. „Ethnic composition of Kazakhstan 2010 (based on 1999 census)“. pop-stat.mashke.org. Посетено на 2020-11-06.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]