Балхашко Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Lake Balkhash
Балқаш Көлі
Озеро Балхаш
ПодрачјеКазахстан
Координати46°10′N 74°20′E / 46.167°N 74.333°E / 46.167; 74.333Координати: 46°10′N 74°20′E / 46.167°N 74.333°E / 46.167; 74.333
Видприродно, вулканско
Главни приливиИли, Каратал, Аксу, Лепси, Бјан, Капал, коксу
Сливни земјиКазахстан 85%
Кина 15%
Најг. должина605 kм (1,985,000 ст) км
Најг. ширинаEast 74 kм (243,000 ст)
West 19 kм (62,000 ст) км
Прос. длабочина5.8 м (19 ст) м
Најг. длабочина26 м (85 ст) м
Зафатнина106 cu mi (440 km3) км3
Надм. височина341.4 м (1,120 ст) м
ЗамрзнатоОд ноември до март

Балхашко езеро (казашки: Балқаш Көлі, Balqaş köli, руски: Озеро Балхаш) езеро во пустинските степи на источен Казахстан. Површината на езерото изнесува 18,428 km². Балхашкото езеро има издолжен облик сличе на полумесечина. Јужниот брег на езерото е со многу мали острови и полуострови. Просечната длабочина на езерото изнесува 5,8 метри, додека пак максималната изнесува 26 км. Езерото е поделено на два дела: источен и западен дел кои се поврзани со каналот Узун-Арал со ширина од 4,5 километри. Источниот дел на езерото е подлабок и со помала соленост (> 7%), додека пак западниот дел има помала соленост (0,5-1,5% сол) и не зависи од промената на нивото на езерото. Разликата во соленоста е последица на раликата во бројот на притоките и ограничената размена на вода помеѓу неговите делови. [1]

Најголем град на бреговите на езерото е Балхаш. Главни притоки се реките Или и Каратал. Околу 15% од површината на ова езеро припаѓа на територијата на Кина. Најголемиот дел на вода во езерото доаѓа со топењето на снегот од планината Синкјанг.

Исто како и Аралското Езеро, така и Балхашкото Езеро е во опасност од пресушување. Во двата случаи причината е употребата на водата за наводнување на полињата со памук. Оваа пракса е започната во 1960-те во времето на СССР.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. World Lake Database: Балхашкото Езеро, 2 април 2008.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]