Жезказган

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жезказган
Жезқазған
Град
Жезказган
Жезказган
Грб на Жезказган
Грб
Жезказган is located in Казахстан
Жезказган
Жезказган
Локација на Жезказган во Казахстан
Координати: 47°47′N 67°42′E / 47.783° СГШ; 67.700° ИГД / 47.783; 67.700Координати: 47°47′N 67°42′E / 47.783° СГШ; 67.700° ИГД / 47.783; 67.700
Земја Казахстан
ОбластКарагандинска
Основан1939
Статус на град1954
Управа
 • Akim (градоначалник)Каират Абсатаров
Површина
 • Вкупна47 км2 (18 ми2)
Надм. вис.&10000000000000300000000300 м
Население (2019)
 • Вкупно87 200
Часовен појасUTC+5 (UTC+5)
Пошт. бр.100600
Повик. бр.+7 7102
Рег. таб.09
Мреж. местоhttp://www.jezkazgan.kz

Жезказган (казашки: Jezqazǵan, Жезқазған; руски: Жезказган), порано познат како Џезказган (руски: Джезказган, до 1992 година), е град во Карагандинска област, Казахстан, на резервоарот на реката Кара-Кенгир. Населението во 2019 година изнесувало 87.200.[1] Неговата урбана област го вклучува соседниот рударски град Сатпаев, за вкупно градско население од 148.700 жители.

55% од населението во Жезказган се Казаци, 30% Руси, со помали малцинства Украинци, Германци, Чеченци и Корејци.

Историја[уреди | уреди извор]

Градот е основан во 1938 година во близина на богати наоѓалишта на бакар. Во 1973 година беше изграден голем рударско-металуршки комплекс на југоисток од градот за топење на бакарот. Други рудни метали кои се копаат и преработуваат се манганот и железото.

За време на советската ера, Жезказган бил местото на логорот Гулаг, Кенгир, споменат во книгата „Архипелагот Гулаг“ на Александар Солженицин и „Американец во Гулаг“ на Александар Долгун.

Географија[уреди | уреди извор]

Жезказган се наоѓа во самото срце на Казашките степи. Исто така е во близина на географскиот центар на земјата.

Клима[уреди | уреди извор]

Жезказган се одликува со континентална полусушна клима; дождот е чест, но никогаш обилен и месечните врнежи од дожд никогаш не достигнале 100 милиметри. Просечната температура се движи од 24 ° C (75 ° F) во јули до −16 ° C (3 ° F) во јануари, додека крајностите се движат од 43 ° C (109 ° F) во јуни 1988 година до 41,1 ° C (- 42.0 ° F) во февруари 1951 година.[2]

Климатски податоци за Жезказган
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 5.0
(41)
9.0
(48.2)
27.4
(81.3)
34.2
(93.6)
37.2
(99)
43.0
(109.4)
42.2
(108)
42.4
(108.3)
39.9
(103.8)
30.5
(86.9)
22.0
(71.6)
9.8
(49.6)
43.0
(109.4)
Прос. висока °C (°F) −8.5
(16.7)
−7.1
(19.2)
0.6
(33.1)
15.7
(60.3)
23.4
(74.1)
29.9
(85.8)
31.3
(88.3)
29.8
(85.6)
23.2
(73.8)
13.7
(56.7)
2.2
(36)
−5.7
(21.7)
12.4
(54.3)
Сред. дневна °C (°F) −13.0
(8.6)
−12.3
(9.9)
−4.5
(23.9)
8.6
(47.5)
16.2
(61.2)
22.6
(72.7)
24.4
(75.9)
22.5
(72.5)
15.2
(59.4)
6.3
(43.3)
−2.8
(27)
−10.2
(13.6)
6.1
(43)
Прос. ниска °C (°F) −17.6
(0.3)
−17.3
(0.9)
−9.0
(15.8)
2.2
(36)
8.7
(47.7)
14.5
(58.1)
16.8
(62.2)
14.4
(57.9)
7.1
(44.8)
−0.1
(31.8)
−7.1
(19.2)
−14.6
(5.7)
−0.2
(31.6)
Најниска забележана °C (°F) −40.0
(−40)
−41.1
(−42)
−36.1
(−33)
−15.6
(3.9)
−6.6
(20.1)
−2.2
(28)
3.9
(39)
−2.6
(27.3)
−11.4
(11.5)
−19.0
(−2.2)
−37.2
(−35)
−40.0
(−40)
−41.1
(−42)
Прос. врнежи мм (ин) 19
(0.75)
16
(0.63)
16
(0.63)
17
(0.67)
19
(0.75)
17
(0.67)
18
(0.71)
11
(0.43)
5
(0.2)
16
(0.63)
17
(0.67)
16
(0.63)
187
(7.36)
Прос. бр. дождливи денови 1 2 4 6 9 8 8 5 4 6 5 2 60
Прос. бр. снежни денови 17 13 7 2 0.3 0 0 0 0.03 2 8 14 63
Прос. релативна влажност (%) 78 76 75 56 48 40 41 40 43 60 76 79 59
[се бара извор]

Население[уреди | уреди извор]

Година Население
1959 32 442
1979 62 495
1989 108 821
1991 111 100
1999 90 001
2009 86 227
2014 84 763
2016 86 430
2019 87 200

Етнички состав[уреди | уреди извор]

Етничкиот состав на жителите на Жезказган (2019 година):

Народ Вкупно Удел (%)
Казаци 62 322 68.01
Руси 22 102 24.12
Украинци 2 018 2.20
Германци 1 031 1.13
Татари 945 1.03
Белоруси 427 0.47
Корејци 451 0.49
Азери 532 0.58
Молдавци 253 0.28
Узбеци 219 0.24
Чеченци 138 0.15
Башкири 173 0.19
Полјаци 355 0.07
Чуваши 404 0.11
други 823 0.90
вкупно 91 641 100.00

Индустрија[уреди | уреди извор]

Жезказган

Денес градот е седиште на бакарниот конгломерат Казахмис, главниот работодавач на градот. Компанијата има подружници во Кина, Русија и Велика Британија и котира на лондонската берза. Постои електрична централа, Електрана на Казахмис, со капацитет за производство од 207 MW и главен оџак висок 220 метри.

Транспорт[уреди | уреди извор]

Жезказган има железничка линија до главниот град на Карагандинска област, Караганда.

Жезказган е поврзан со автопат со Караганда преку европската рута Е018 и Кизилорда и Аркалик преку европската рута Е123. Во градот се наоѓа аеродромот Жезказган.

Економски и еколошки предизвици[уреди | уреди извор]

Жезказган е моноград. Градот е економски нестабилен бидејќи градот функционира само поради едно претпријатие (ресурс), што го ограничува неговиот развој. Жезказган има голем потенцијал да стане логистички центар на Казахстан, бидејќи ги поврзува Северот и Југ,от Западот и Истокот. Но, инфраструктурата и патиштата не го дозволуваат тоа. Профитот на Жезказган главно се троши на развој на големите градови како Нур-Султан, Алмати, Караганда итн. Само мал процент користи самиот град. Моноградовите се многу зависни од нивното претпријатие и флуктуациите на цените на светскиот пазар. Промените во овие аспекти можат да доведат до сериозни економски проблеми во градот. Државните службеници го разбрале ова и се обидуваат да создадат и развијат различни извори на приход. На пример, железничката линија „Жезказган-Бејнеу“ е изграден за да ги поврзе Европа и Персискиот Залив и да извезува производи.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „stat.gov.kz“. stat.gov.kz. Посетено на 2020-11-27.
  2. „Погода и Климат - Климат Джезказгана“. web.archive.org. 2016-11-25. Посетено на 2020-11-27.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]