Оскемен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Оскемен
Өскемен
Град
Оскемен
Оскемен
Знаме на Оскемен
Знаме
Грб на Оскемен
Грб
Оскемен is located in Казахстан
Оскемен
Оскемен
Локација на Оскемен во Казахстан
Координати: 49°59′N 82°37′E / 49.983° СГШ; 82.617° ИГД / 49.983; 82.617Координати: 49°59′N 82°37′E / 49.983° СГШ; 82.617° ИГД / 49.983; 82.617
Земја Казахстан
ОбластИсточноказахстанска
Основан1720
Статус на град1868
Управа
 • Akim (градоначалник)Жаксилик Омар
Површина
 • Вкупна540 км2 (210 ми2)
Надм. вис.&10000000000000283000000283 м
Население (2020)
 • Вкупно346 127
 • Густина640/км2 (1,700/ми2)
Часовен појасUTC+6 (UTC+6)
Пошт. бр.F0*****
Повик. бр.+7 7232
Рег. таб.16
Мреж. местоhttp://www.oskemen.kz

Оскемен (казашки: Өскемен, Óskemen) или Уст-Каменогорск (руски: Усть-Каменого́рск) е административен центар на Источноказахстанска област. Во близина на градот се наоша аеродромот Оскемен.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Градот има две официјални имиња.[1] На казашки јазик, неговото име е Өскемен/ Óskemen, а на руски јазик е познато како Усть-Каменого́рск. Двете имиња се појавуваат на грбот на градот.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Црква во Оскемен

Градот е основан во 1720 година на сливот на реките Иртиш и Улба како тврдина и трговско место со име Уст-Каменаја.[3] Основано е по наредбата на рускиот император Петар Велики, кој испратил воена експедиција предводена од мајор Иван Василиевич Лихарев во потрага по златото на Јаркенда. Експедицијата на Лихарев се насочила по реката Иртиш до езерото Зајсан. Таму, на сливот на реките Улба и Иртиш, била поставена новата тврдина - тврдината Уст-Каменаја. Во 1868 година градот станува главен град на Семипалатинска област. Тоа беше местото на 30-годишното прогонство на Георги Маленков, за време на кое тој управуваше со локалната хидроцентрала.[4]

Едно од главните индустриски претпријатија, Металски Завод Улба кое произведуваше и сè уште произведува производи од ураниум, се чуваше во тајност и покрај тоа што вработуваше илјадници работници. Експлозија на производствената линија на берилиум во 1990 година доведе до дифузија на „облак“ што содржеше многу токсичен берилиум, над градот. Здравствените ефекти на овој инцидент не се целосно познати, делумно затоа што инцидентот го чувале во тајност советските власти.

Географија[уреди | уреди извор]

Оскемен се наоѓа во источниот дел на Казахстан, на сливот на реката Улба во реката Иртиш, на околу 280 километри западно од планината Белуха, највисоката точка на Алтајските Планини и 947 километри од главниот град Нур-Султан.

Клима[уреди | уреди извор]

Климата на градот е континентална. Студената сезона за Оскемен вклучува пет месеци: од ноември до март. Рекордна минимална температура на воздухот во јануари е -49º, во јули + 4º. Рекорден максимум - + 8º во јануари и + 43º во јули

Население[уреди | уреди извор]

На почетокот на 2020 година, населението на градот изнесувало 333 113 жители, додека на метро областа на градот Оскемен живееле 346 127 лица.

Година Население
1897 8 721
1959 150 371
1970 230 340
1979 274 287
1989 324 478
1991 332 900
1999 310 950
2004 294 507
2008 286 709
2012 309 534
2016 321 202
2020 333 113

Етнички состав[уреди | уреди извор]

Етничкиот состав на жителите на Оскемен (на почетокот на 2020 година)[5]:

Народ Вкупно Удел (%)
Руси 176 606 51.02
Казаци 158 057 45.66
Германци 2 557 0.74
Татари 2 539 0.73
Украинци 1 399 0.40
Азери 881 0.25
Чеченци 612 0.18
Корејци 601 0.17
други 2 875 0.83
вкупно 346 127 100.00

Религија[уреди | уреди извор]

Џамија во Оскемен

Постојат 32 верски заедници, кои презентираат 15 верски признанија, вклучувајќи христијанска, муслиманска и нетрадиционална религија. Во градот има 21 верски објект: меѓу нив православни христијански цркви и џамии. Во 2017 година судот ја казни и забрани протестантската црква на Нов живот на Оскемен за пеење верски песни на летен камп.

Економија[уреди | уреди извор]

Градот се развил во голем рударски и металуршки центар за време на Советскиот период. Обработката на обоени метали, особено ураниум, берилиум, тантал, бакар, олово, сребро и цинк останува важна.[6] Градот е центар на градежната индустрија. Поствоената индустриска историја на градот е многу тесно испреплетена со проектот за советската нуклеарна бомба, и затоа градот беше затворен за надворешни лица.

Бројот на претпријатија во Оскемен е многу висок во однос на бројот на луѓе што живеат таму. Според податоците од 2002 година има околу 169 фирми. Повеќето од нив се индустриски фирми, кои работат во рударство и преработка на суровини, претежно тешки метали.

Транспорт[уреди | уреди извор]

Нов мост во Оскемен

Градот има меѓународен аеродром, аеродромот Оскемен.

Трамвајскиот систем на Оскемен има 4 линии.

Меѓуградски автобуски превоз е достапен на две автобуски станици. Најобемната мрежа, со повеќе од 35 линии, е на железничката станица, која се наоѓа покрај Спортската палата на улицата Новошколнаја. Од оваа станица, автобусите не служат само за градовите во Казахстан, туку и за руските градови како што е Краснојарск. Рутната мрежа на втората станица зафаќа помала површина со 17 линии.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „https://www.gov.kz/memleket/entities/vko-oskemen?lang=kk“. gov.egov.kz. Посетено на 2020-11-28. Надворешна врска во |title= (help)
  2. „Ust-Kamenogorsk city, Kazakhstan overview, history, photos“. aboutkazakhstan.com. Посетено на 2020-11-28.
  3. „Öskemen | Kazakhstan“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2020-11-28.
  4. „www.oskemen.kz | Информация о городе“. web.archive.org. 2009-09-23. Посетено на 2020-11-28.
  5. „Kazakhstan ethnic composition“.
  6. „Oskemen Travel Guide“. Caravanistan (англиски). Посетено на 2020-11-28.