Закоп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Закоп (инхумација) — закопување на човечкото тело во земјата во релативно неизменет облик. Ова е најстар и најраспространет начин на погребување, кој се среќава од праисториските заедници до денес. Често се користи и синонимот скелетно погребување, кој не е многу прецизен, бидејќи може да асоцира на секундарно погребување на декарнираниот скелет.

Положбата на телото може да биде различна:

  • испружено на грбот
  • поставено со лицето кон тлото
  • поставено на страна
  • во седечка положба
  • во згрчена (фетална) положба

Во историските и праисториските култури секоја етничка заедница имала специфичен начин на погребување, преку што денес се толкуват карактеристиките на религијата и културата. Лежечката положба кај примарното погребување и боењето на коските кај секундарното претставуваат желба за живот (мотив дека покојникот спие или обоен во црвено, боја која е симбол на животот).

Закопот во текот на праисторијата[уреди | уреди извор]

Приказ на неандерталско погребување
Натуфиенски гроб

За погребувањето во текот на палеолитот не постојат многу податоци. Своите мртви неандерталецот ги погребувал, и барем во некои случаи, тоа го правел со почит (пример е “Цветниот погреб“ во пештерата Шанидар во Ирак, каде е пронајден поленов прав од цветови, што укажува дека покојникот бил прекриен со цвеќе). Шалозиенската култура, шелската култура и ашелската култура, кои датираат на преодот меѓу долниот во средниот палеолит и кои одговараат на геолошката епоха на диливиумот, не донесуваат докази за организирани човечки заедници, а закопувањето се толкува како нагонска активност за криење на мртвото тело. Се претпоставува дека во овој период кај човекот не постоела идејата за задгробен живот.

Материјалните остатоци од развојот на духовната концепција се појавуваат во Мустериерската култура во периодот на средниот палеолит.

На периодот на средниот и горниот палеолит му припаѓаат скелетите пронајдени во француската пештера Ла Фераси. Овде се пронајдени камења кои го покривале покојникот, а преку нив се најдени мустериерски орудија, остатоци од животни и пепел. Слично погребување е откриено во наоѓалиштето Тешик Таш во Узбекистан, каде черепот на неандерталско момче би опкружен со коски од козорог. Во близина на Ла Шапел о Сен во Франција е откриен сличен наод. Исклучително интересна е некрополата Грималди каде е откриен скелет кој потполно бил обоен во окер боја.

Во текот на мезолитот се случувале големи економски и општествени, кои како последица го донеле формалното погребување. Многу значајни податоци донело истражувањето на наоѓалиштата кај Ѓердап. Покојните биле закопувани во различни положби, а гробовите имале камени платформи.

Природно мумифицирано тело изложено во Британскиот музеј во Лондон

Во неолитот закопот била единствениот облик на погребување, претежно во населбите, највеќе во поединечни гробови во згрчена положба. Во Стариот Египет, во текот на помладиот неолит сочувани се многу гробови кои датираат од околу 3500 година п.н.е. Како прилог имале оружје, прибор за работа и садови со јадења и пијалаци. Во долината на Нил пронајдени се мумифицирани покојници.

На територијата на Европа во текот на овој период закопот била единствениот облик на погребување. Во Уњетичката култура присутни се плитки рамни гробови со згрчени тела, а во наоѓалиштето Мокрин е откриена гробница со преку 400 тела. Во текот на бронзеното доба карактеристични се тумулите, а се јавува и кремирање.

Биритуалното погребување е карактеристично за Халштатската култура.

Антички период[уреди | уреди извор]

Во стара Грција напоредно биле практикувани и закопот и инцинерацијата (во текот на архајскиот период закопот е помалку застапена). Во класичниот период мртвите се положуваат во окна или јами чии ѕидови понекогаш се обложени со гипс и прекриени со плочи. Од овој период потекнуваат и глинените или камените саркофази.

Старите Римјани исто така практикувале биритуално погребување, а начинот зависел од семејната или регионалната традиција. Гробовите имаат разновидни облици. Во најстариот период се јавуаваат саркофази или издлабени стебла. Подоцна над гробовите се градат споменици.

Историски епохи[уреди | уреди извор]

Во подоцнежните историски епохи обичаите се кодифицираат во склад со религиската традиција.

Закопот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Закопот како тема во книжевноста[уреди | уреди извор]

Закопот како тема во музиката[уреди | уреди извор]

  • „Погребна тема“ (англиски: Funeral theme) - песна на македонската група „Анастасија“.[9]
  • „Твој погреб, мое судење“ (англиски: Your Funeral, My Trial) - песна на американскиот блуз-музичар Сони Бој Вилијамсон II“ (Sonny Boy Williamson II) од 1958 година.[10]
  • „Твој погреб, мое судење“ (англиски: Your Funeral, My Trial) - песна од истоимениот албум на рок-групата Nick Cave And The Bad Seeds од 1986 година.[11]
  • „Електричен погреб“ (англиски: Electric Funeral) - песна на британската хард-рок група „Блек сабат“ (Black Sabbath) од 1970 година.[12]
  • „Погреб“ (англиски: The funeral) - песна на американскиот рапер Ајс Кјуб (Ice Cube) од 1991 година.[13]
  • „Погребот на Мајлс Дејвис“ (англиски: Miles Davis' Funeral) - песна на американската рок-група „Морфин“ (Morphine) од 1993 година.[14]
  • „Закопот на мадињата“ (англиски: Grandbag's Funeral) - песна на англиската рок-група „Хепи мандис“ (Happy Mondays) од 1990 година.[15]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Иво Андрић, Ex Ponto - Немири - Лирика. Београд: Просвета, 1977, стр. 104-105.
  2. T. S. Eliot, Selected Poems. Harmondsworth, Middlesex: Penguin Books in association with Faber and Faber, 1952, стр. 49-51.
  3. Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 158-159.
  4. Мирослав Јосиħ Вишњић, Сабране приповетке. Београд: Драганић, 1995, стр. 153-155.
  5. Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 64-65.
  6. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 41.
  7. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 25-26.
  8. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 244-245.
  9. Anastasia, Before the Rain, Polygram Music.
  10. YouTube, Sonny Boy Williamson - Your Funeral, My Trial (посетено на 16.6.2017)
  11. Discogs, Nick Cave & The Bad Seeds ‎– Your Funeral... My Trial (пристапено на 25.4.2020)
  12. DISCOGS, Black Sabbath ‎– Paranoid (пристапено на 31.8.2019)
  13. YouTube, Ice Cube - Death Certificate (1991) (FULL ALBUM) (пристапено на 9.3.2017)
  14. YouTube, Morphine - Cure for Pain (Full Album) (посетено на 16.6.2017)
  15. Discogs, Happy Mondays ‎– Pills 'N' Thrills And Bellyaches (пристапено на 28.8.2020)