Експликација (антрополгија)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Експликација е начин на постапување со покојникот, када телото по смртта се изложува на дејството на природните елементи. Оваа постапка се применувала уште во древните заедници.

Целта на експликацијата била ослободување на другите припадници на заедницата од умрениот, со оставање на неговите остатоци на платформи, натстрешници или крошни на дрвјата, за да се постигне природно мумифицирање или за да се изврши делумна или потполна декарнација.

Најпознати примери на експликација на покојникот на платформи се откриени во Америка, во племето Ирокези, кои граделе посебни конструкции, високи неколку метри. Телото било изложувано долг период (околу 12 години), по што преостанатото меко ткиво се отстранувало, а коските се собирале и се положувале во заеднички гроб. Сличен ритуал е забележан и кај племето Асинибоине.[1]

Диркем го опишал ритуалот што го применувало австралиското племе Варамунга[2], при што покојниците ги подигале на платформа во крошните на дрвјата, ги оставале да се распаднат додека не останат само коските, а потоа ги положувале во внатрешноста на мравјалниците, за да се отстранат трагите од месо, а потоа со остатоците вршеле секундарно погребување по пат на инхумација.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Janness D. The Indians of Canada, National museum of Canada, Ottawa, 1955.
  2. Durkheim, E. Les Formes elementaires de la vie religieuse, Felix Alcan, Paris, 1912.