Боемство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Боемство — практика на неконвенционален начин на живот, често во друштво на истомисленици, со неколку постојани врски, вклучувајќи музичка, уметничка или книжевна определба. Во овој контекст, боеми можат да бидат скитници, авантуристи, или вагабонти.

Оваа употреба на зборот прв пат се јавила во XIX век за да се опише нетрадиционалниот начин на живот на маргинализираните и осиромашени уметници, писатели, новинари, музичари и глумци во поголемите европски градови. Боемите се поврзани со необични или анти-естаблишмент политички или општествени ставови, кои често се изразуваат преку слободната љубов, скромноста, а во некои случаи, доброволната сиромаштија. Богатите и привилегираните, дури и аристократски, боемски кругови понекогаш се нарекуваат „високо боемство“ (фр. haute bohème)[1].[2]

Поранешни боемски заедници[уреди | уреди извор]

Меѓународниот поим боемија (bohemia) исто така би можело да значи било кое место каде што може да се живее и работи поефтино, и да се однесува неконвенционално; заедница на слободни души надвор од дозволените граници на угледното општество. Неколку градови и населби станале поврзани со боемството во XIX и почетокот на XX век:

Во Европа[уреди | уреди извор]

Занимливости[уреди | уреди извор]

  • Во 1931 г. истакнатиот македонски глумец Петре Прличко 1931 г. отворил свој театар наречен „Боем“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „SeaDict Online Dictionary“. http://www.seadict.com/en/en/haute%20boh%C3%A8me. конс. 16 ноември 2013 г. 
  2. Turque, Bill. „Montgomery County looks to get hip“, 17 февруари 2013 (конс. 16 ноември 2013 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]