Прејди на содржината

Табан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Табан
Табани на човеково стапало
Податоци
Дел одСтапало
Артеријаplantaris medialis, plantaris lateralis
живецplantaris medialis, plantaris lateralis
Назнаки
Латинскиplanta
TAA01.1.00.044
FMAFMA:25000

Табан[1][2] — долен дел на стапалото, кој остварува допир на телото со земјата.

На овој дел од стапалото се потпира телото кога поединецот стои, оди, скока или трча. Табанот игра важна улога во „перцепцијата при движењето и постуралната контрола“.[3]

Тоа е рефлексна зона (особено означена со Рефлексот на Бабински кај деца на возраст од 0 до 6 години[4]). Нервната мрежа на табанот исто така го известува мозокот за природата на тлото и неговиот степен на косина, неговата повеќе или помалку лизгава природа, неговата температура итн.

Особености

[уреди | уреди извор]

Табанот е дебел, но исто така месно[5] многу инервиран, особено на врвот на лакот на стапалото, што го прави (во зависност од поединецот) дел од човечкото тело кој е најчувствителен или скоро најчувствителен (скокоткање).

Обликот на табанот е единствен меѓу приматите, особено поради палецот кој повеќе не се користи за фаќање и исправената положба на телото од времето на хомо сапиенс.[6]

Табанот кај жените вообичаено е поиздолжен кај жените, многу поскокотлив и помалку збрчкан од оној на мажите.

Вените се подлабоки и подобро заштитени под стапалото отколку на горниот дел на стапалото.[7]

Кожата може да биде влажна или испотена, повеќе или помалку во зависност од поединецот и начинот на кој е обуен и облечен.

Според рефлексологијата, масажата на табаните има лековити својства. Нејзината примена ослободува токсини што погодно влијае на разни човекови органи.

Патологии

[уреди | уреди извор]
  • Калуси
  • Десквамација, како последица на одредени болести или труење (на пример со жива ) или како последица на одредени недостатоци во исхраната[8]
  • Улцеронекротични лезии (особено кај дијабетичари и пациенти со лепра)
  • Тропска кожна болест[9]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „табан“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „табан“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. André-Deshays, C., & Revel, M. (1988). Rôle sensoriel de la plante du pied dans la perception du mouvement et le contrôle postural. Méd Chir Pied, 4(4), 217-223.
  4. Walshe, F. (1956). The Babinski plantar response, its forms and its physiological and pathological significance. Brain, 79(4), 529-556.
  5. Gerthoffer, J. (1982). Cartographie du seuil de perception de la pression de la plante des pieds. Ann Kiné, 9, 469-474.
  6. Volkov, T. (1905). Variations squelettiques du pied chez les primates et dans les races humaines[мртва врска]. Laffray fils et gendre ; Bulletins et Mémoires de la Société d'anthropologie de Paris, 1903 Vol 4, n°4 pp. 632-708
  7. Lejars, F. (1980). Les veines de la plante du pied. Archives de physiologie, 5.
  8. VAN DAELE, G. (1938). http://lib.itg.be/open/ASBMT/1938/1938asbm0653.pdf[мртва врска] Sur une affection de carence et de déséquilibre diététique observée au Congo (buaki des indigènes)] (PDF, 17 pages)
  9. Hermans, E. H. (1939). Pian de la plante du pied et de la paume de la main. Acta leidensia, 14, 111-118.