Стапало

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стапало
Стопа.png
Податоци
Лимфасинуси
Назнаки
Латинскиpes
MeSHA01.378.610.250
TAA01.1.00.040
FMAFMA:9664

Стапало — дел од органот нога. Стопалото се наоѓа на самиот крај од ногата и служи за држење на тежината на единката, како и за движење и рамнотежа на телото. Стапалото е составено од поголем број на коски и нерви и секое стапало при нормален развој има пет прсти. Во зависност од видот на единката, прстите завршуваат со нокти, канџи или шепи. Анатомски гледано, стапалото е сложена структура на нерви, мускули, крвни садови и коски кои овозможуваат нормална функција на истото.

Скелет на стапалото[уреди | уреди извор]

Скелетот на стапалото има значајна улога во статиката и динамиката на човечкото тело. На долната страна од стапалото се забележуваат два свода: надолжен и напречен. Тие му даваат еластичност на стапалото, а воедно ја олеснуваат неговата статика и динамика.

Скелетот на стапалото е составен од 26 коски поделени во три групи: а)коски на коренот од стапалото б)коски на докоренот и в)коски на прстите од стапалото.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]