Тропска кожна болест

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Yaws
Yaws 01.jpg
Nodules on the elbow resulting from a Treponema pallidum pertenue bacterial infection
Класификација и надворешни извори
Специјалностзаразна болест[*]
МКБ-10A66
МКБ-9102
MedlinePlus001341
Esculaap4.svg    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).



Тропска кожна болест (исто позната како фрамбезија тропика, тимоза, полипапилома тропикум, паранги, буба, фрамбезија,[1] и пиан[2]) — тропска инфекција на кожата, коските и глуждовите предизвикана од спирохетската бактерија Трепонема палидум пертену.[3][4] Болеста започнува со кружен голем оток на кожата, со дијаметар од два до пет сантиметри.[4] Средината може да се отвори и да формира чир.[4] Oвие првични лезии на кожата се лечат по три до шест месеци.[5] По повеќе недели до години, глуждовите и коските стануваат болежливи, се развива замор, и може да се појават нови кожни лезии.[4] Кожата на дланките и на табаните од стапалата може да потече и да пукне.[5] Коските(посебно на носот) може да се изобличат.[5] По пет или повеќе години може да се појават големи површини на мртва кожа проследена со лузни.[4]

Фрамбезијата се пренесува преку директен контакт со течноста од лезијата на заразеното лице.[5] Контактот вообичаено не е од сексуална природа.[5] Болеста е најчеста кај децата кои ја пренесуваат играјќи си заедно.[4] Други сродни трепонемални болести се бејел (Трипонема палидум ендемикум), пинта (Трипонема палидум каратеум), и сифилис (Трипонема палидум палидум).[5] Тропската кожна болест често е дијагностицирана според изгледот на лезиите.[5] Тестовите за крв антитела можат да бидат од корист, но не можат да ги прават разлика помеѓу претходните и сегашните инфекции.[5] Дијагнозата најточно се востановува со верижна реакција на полимераза (ВРП).[5]

Превенцијата делумно вклучува лекување на оние кои ја имаат болеста, со што се намалува ризикот од преносливост.[5] Во случаи каде што болеста е честа појава, најефективно е лекувањето на целата заедница.[5] Со подобрување на чистотата и хигиената, исто така ќе се намали ширењето.[5] Третманот обично се состои од антибиотици, вклучувајќи: ацитромицин орално или бензатин пеницилин преку инјекција.[5] Без третман се јавуваат физички деформитети кај 10% од случаите.[5]

Тропската болест е честа во најмалку 14 тропски држави од 2012 година.[4][5] Заразата ги напаѓа само луѓето.[5] Во 1950-тите и 1960-тите, Светската здравствена организација (СЗО) речиси ја искорени фрамбезијата.[5] Оттогаш бројот на случаи е зголемен и СЗО повторно се обидува да ја искорени заразата до 2020 година.[5] Последната проценка на бројот на заразени беше повеќе од 500.000 во 1995 година.[3] Иако еден од првите описи на оваа болест е направен во 1679 година од страна на Вилем Писо, археолошките истражувања покажале дека е можно фрамбезијата да била присутна меѓу луѓето пред околу 1,6 милиони години.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Rapini RP; Bolognia JL; Jorizzo JL. (2007). Dermatology: 2-Volume Set. St. Louis: Mosby. ISBN 1-4160-2999-0. 
  2. James WD; Berger TG; et al. (2006). Andrews' Diseases of the Skin: clinical Dermatology. Saunders Elsevier. ISBN 0-7216-2921-0. OCLC 62736861. 
  3. 3,0 3,1 Mitjà O; Hays R; Rinaldi AC; McDermott R; Bassat Q. New treatment schemes for yaws: the path toward eradication (pdf). „Clinical Infectious Diseases“ том  55 (3): 406–412. doi:10.1093/cid/cis444. PMID 22610931. http://cid.oxfordjournals.org/content/55/3/406.long. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 Mitjà O; Asiedu K; Mabey D. Yaws. „Lancet“ том  381 (9868): 763–773. doi:10.1016/S0140-6736(12)62130-8. PMID 23415015. 
  5. 5,00 5,01 5,02 5,03 5,04 5,05 5,06 5,07 5,08 5,09 5,10 5,11 5,12 5,13 5,14 5,15 5,16 5,17 „Yaws Fact sheet N°316“. World Health Organization. February 2014. конс. 27 February 2014.