Сифилис

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Сифилис
Класификација и надворешни извори

Електронска микрофотографија на Treponema pallidum
МКБ-10 A50-A53
МКБ-9 090-097
DiseasesDB 29054
MedlinePlus 001327
eMedicine med/2224 emerg/563 derm/413
MeSH D013587

Сифилисот(Lues) е хронично инфективно заболување, предизвикано од бaктеријата Treponema pallidum. Според начинот на пренесување тој може да биде стекнат и вроден. Стекнат сифилис се пренесува со полов контакт. Извор на инфекцијата е заболен човек, а влезна врата е кожата и лигавицата на гениталните органи.

Стадиуми[уреди]

Сифилисот е болест која се одвива во три стадиуми, означени како примарен, секундарен и терцијален стадиум.

Примарен стадиум:[уреди]

Примарниот стадиум се јавува 2-8 недели по инфекцијата. Локално на гениталната регија се јавува тврда papula, која улцерира и се формира ulcus durum, безболна раничка, од која се излачува секрет. За 4-6 недели спонтано се повлекува, оставајќи мала лузна.

Секундарен стадиум:[уреди]

Податотека:Palms.gif
Секундарен стадиум

Секундарниот се јавува кај една третина од нелекуваните пациенти и тоа 2-8 недели по појавата на примарната инфекција. Ова е најзаразниот стадиум на сифилис, и се јавува како резултат на навлегување на бактеријата во крвта. Се карактеризира со кожен исип во вид на црвени, кафеави дамки, папули или гнојни меурчиња по телото, дланките, табаните и лицето. Во устата, грлото или гениталните органи се јавуваат црвени дамки со плитки улцерации. Лимфните жлезди се зголемени, покачена е телесната температура, се јавуваат болки во коските, зглобовите и др. Оваа фаза поминува за неколку недели до една година, преминувајќи во латентна фаза – фаза без симптоми.

Терцијален стадиум:[уреди]

Терцијалниот стадиум е крајна фаза на сифилис кај нелекуваните болни, се јавува после 6 месеци до неколку години од примарната инфекција.Карактеристично за овој стадиум е формирањето на гуми и дифузна фиброза. Гуми се јазлести формации со големина на зрно просо или поголеми до неколку сантиметри, а се јавуваат во црниот дроб, коските, зглобовите, централниот нервен систем и др. Фиброзата е размножување на сврзно ткиво во малите крвните садови како и на аортата.

Трет стадиум - сифилис

Последици[уреди]

Последици на сифилис се оштетување на мозокот, видот и слухот, оштетување на аортата, коските, зглобовите и сите други ограни зафатени во терцијалниот стадиум. Со навремено откривање на сифилисот и негово лекување со антибиотска терапија се спречуваат потешките последици од ова заболување. Превенцијата се однесува на избегнување на полови контакти со непознати, ризични или заболени лица. Редовни систематски прегледи и лекарска контрола при секоја промена на телото и знак за постоење на болест или инфекција, за да може на време да се открие инфекцијата и да се спречи понатамошното заболување и компликации. Вроден сифилис е кога се пренесе за време на бременоста, од мајката на плодот. Во случај мајката да има сифилис и тоа прв или втор стадиум, плодот се инфицира преку плацентата, и често пати резултира со прекин на бременоста (абортус) или интраутерина смрт на плодот пред раѓањето. Доколку не дојде до интраутерина смрт детето може по раѓањето да има рани или касни знаци на сфилис. Знаци на сифилис кај детето се промени на кожата и лигавиците како од секундарниот стадиум, карактеристична слика е “седласт нос”, тибијата е свиткана и наречена “сабјеста подколоница”, черепот има коцкеста форма, забите се деформирани, се јавуваат гуми и фиброза во внатрешните органи и се јавува глувост, слепило и др.

Лекување[уреди]

Лекувањето е со пеницилинска терапија. Превенција од заразување на плодот во тек на бременост се постигнува со редовни гинеколошки и други лекарски прегледи со цел навремено откривање и лечење.