Артур Шопенхауер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Артур Шопенхауер
Arthur Schopenhauer
Роден Артур Шопенхауер
22 февруари 1788
Данциг,Кралство Прусија (денес Гдањск,Полска)
Починал 21 септември 1860
Франкфурт на Мајна
Познат Филозоф, Етичар, Естетичар
Татко Хајнрих Флорис Шопенхауер(1747–1805)
Мајка Јохана Хенриета Троазиенер Шопенхауер (1766–1838)

Артур Шопенхауер (германски: Arthur Schopenhauer; 22 февруари 1788 во Данциг, денешен Гдањск, (Полска) - 21 септември 1860 во Франкфурт на Мајна) — германски филозоф, писател и учител. Тој бил син на писателката Јохана Шопенхауер и брат на писателката Адела Шопенхауер[1]. Шопенхауер се занимавал со етика, метафизика и естетика.

Животопис[уреди | уреди извор]

Семејството Шопенхауер го напуштило родниот град во 1793 година, откако градот по втората поделба на Полска се присоединил кон Прусија. Хајнрих Флорис Шопенхауер отворил стоковна куќа во Хамбург, каде синот Артур го испратил во приватно училиште. По неколкумесечно учење на англиски јазик во Вимболдон, од 1803 до 1804 година, Артур патувал низ Холандија, Англија, Швајцарија и Австрија.

Aртур останува, не се преселува затоа што е слободен да се одлучи за следниот потег со почнатиот занает и неговото купо-продажно учење и се двоуми дали да се одлучи за друга, духовно-наклонета наука. Учењето го продолжува во јуни 1807 година после добиениот совет од Карл Лудвиг Ферновс, ученик на гимназискиот директор од градот Гота. Ама, во истата година се преселува како неговата останото семејство во Вајмар, каде во неговиот тогашен живот, најважен даскал Франц Пасов го запознава.

Младиот Шопенхауер одржува однос со Јоханес Даниел Фалк и Захариас Вернерr. Во 1809 се заљубува несреќно во триесет и две годишната Каролина Јагеман. Во 1809 година почнува да студира медицина на Универзитетот во Гетинген [германски: Universität Göttingen] но брзо се откажува и почнува да студира филозофија на Универзитетот во Јена (германски: Universität Jena) каде на 18 октомври 1813 година ја одбранил докторската теза со наслов: Преку четиримерните корени на реченицата од дофатливи причини (германски: Über die vierfache Wurzel des Satzes vom zureichenden Grunde).

Творештво[уреди | уреди извор]

Значење и влијание[уреди | уреди извор]

Џулес Лунтешуц - „Портрет на Шопенхауер“ од 1855 година, масло на платно

Во романот „Наспроти“, францускиот писател Жорис-Карл Уисманс го нарекува Шопенхауер „големниот Германец“ и за него вели: „Ах, единствено тој беше вистинскиот!“ Уисманс го споредува учењето на Шопенхауер со црковната доктрина, зашто двете поаѓаат од неправдата во светот, но неговот учење го оценува како поегзактно. Освен тоа, Уисманс истакнува дека, за разлика од црковното учење, Шопенхауер „не ви препорачува никаков универзален лек, не ве залажува со никаква лага дека ќе најде решение за излекување од неизбежните зла.“[2]

Фридрих Ниче, пак, имал многу остар однос кон творештвото на Шопенхауер, велејќи дека тој се излажал во поглед на сè,[3] при што го нарекува „несвесен фалсификатор на пари“ и „махер“.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Адела Шопенхауер“. https://en.wikipedia.org/wiki/Adele_Schopenhauer. Надворешна врска во |work= (help)
  2. Карл Уисманс, Наспроти. Скопје: Темплум, 2011, стр. 118-120.
  3. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 84.
  4. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 146.