Лимфом

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лимфом -Рак на лимфниот систем
Класификација и надворешни извори
МКБ-10D68.0
МКБ-9286.4
OMIM193400
DiseasesDB14007
MedlinePlus000544
eMedicineped/2419
MeSHD014842
GeneReviewsvon Willebrand Disease

Тенките садови што ја пренесуваат безбојната течност што ја нарекуваме лимфа се раширени по целото тело како мрежа .Во течноста се наоѓаат лимфоцити ,бели крвни зрнца чија намена е борба против болестите и заразите .Тоа што ја поврзува мрежата се органи со големина на зрно грав наречени лимфни јазли и се концентрирани во пределот на пазувите ,вратот ,ципите ,градите и стомакот ,а имаат задача да ја филтрираат течноста и да ја почнат одбрамбената реакција на организмот .Лимфниот систем кој ја опфаќа слезината ,постојано го штити телото од милиони микроскопски напаѓачи . Сепак ,во некои околности лимфоцитите може да станат канцерогени и да почнат неконтролирано да се размножуваат .Честите видови на лимфоми почнуваат како малигни тумори на лимфниот јазол и може да се рашират на секое место до кое доаѓаат здравите лимфоците .Ако не се контролираат ,болните лимфоцити се размножуваат и понекогаш ги заменуваат здравите лимфоцити ,ослабувајќи го имунолошкиот систем . Поимот лимфоми се однесува на разновидна група болести ,од хронични нарушувања што се развиваат бавно ,се до акутни болести кои брзо напредуваат .

Хоџкинсова болест[уреди | уреди извор]

Хоџкинсовата болест е наречена според англискиот лекар кој ја опишал болеста во 1832 година и представува еден вид ;сите други ,и покрај разликите ,обично се нарекуваат не-Хоџкинс лимфоми . Хоџкиновата болест се разликува од другите лимфоми по абнормалните Рид-Стеренбергови (Red-Sterenberg) клетки наречени според имињата на патолозите кои први ги откриле -кои лесно може да се видат под микроскоп .Хоџкинсовата болест се шири од една група лимфни јазли до следната и на лекувањето регира предвидливо .Обично ,почнува со лимфни јазли на вратот или под клучната коска ,се шири на градите ,стомакот и карлицата ,а понекогаш може да ги зафати органите како слезината и белиот дроб ,исто како и коските и коскената срцевина . Лимфомите се поретки :зафајќат само еден од десет илјади луѓе ,а од нив петнаесеет проценти имаат Хоџкинсова болест .Постојат најмалку десет видови не-Хоџкин лимфоми ,кои се калсифицираат како лесни ,умерени и тешки со оглед на нивното агресивно однесување .Лесните облици обично напредуваат бавно и не се склони кон ширење надвор од лимфниот систем .Потешките облици може да се прошират до оддлечените органи за неколку месеци .Лимфомите најчесто се среќаваат кај мажите од бела раса .Хоџкинсовата болет обично се јавува меѓу петнаесеет и тиресет години ,или по педесеттата годниа ,од не-Хоџкинсовите лимфоми ретко заболуваат луѓето на возраст под четириесет и пет години . Хоџкинсовата болест денес е еден од најизлечивите облици на рак со стапка на преживување од осумдесет проценти ,ако се утврди рано и се лекува овој процент изнесува деведесет проценти .иако не-Хоџкиновата лимфома потешко се лекува ,пет годишната стапка на преживување порасна на повеќе од педесет проценти .Полесните случаи со лекување може со години да се држат под контрола ,но тешко е целосно да се искоренат .Многу агресивните случаи ,кои многу брзо напредуваат ,се лекуваат само со засилено лекување .

Симптоми[уреди | уреди извор]

Хоџкинсовата болест е вид на лимфома што не мора да предизвика некакви симптоми ,особено кај млдите луѓе .Кога симптомите се присутни ,тие вкучуваат :

  • Безболни јазолчиња на вратот ,пазувите или на ципите предизвикани од одтечени лимфни жлезди ,
  • Силно чешање по целото тело ,
  • Покачена температура ,треска ,ноќно потење ,губење апетит и телесна тежина ,постојана и општа слабост ,
  • Постојано кашлање ,задишаност и болки во градите .

Симптоми на не-Хоџкинсовиот лимфом ,освен горенаведените може да бидат :

  • Отекување и чуство на полн стомак поради зголемувањето на слезината ,
  • Зголемување на лимфните јазли во ципите,
  • Промени во навиките за празнење на цревата ,или крварење од правото црево ,ако од болеста се зафатени желудникот и цревата ,
  • Затнатост на носот ,болки во грлото или тешкотии при голтањето ,ако болеста ги зафатила грлото или синусите .

Обратете се на лекар[уреди | уреди извор]

Ако откриете какви било симптоми поврзани со лимфома .Најверојатните знаци на предупредување се отечените лимфни јазли на вратот ,во пазувите или околу ципите ,иако би трбало да се дијагностицира секој симптом што трае повеќе од две недели .

Причинители[уреди | уреди извор]

Причината за Хоџкинсовата болест е непозната .Повеќето луѓе кај кои овај облик лимфома се дијагностицира воопштено имаат добро здравје .Можеби постои наследна врска ,затоа што браќата и сестрите заболени од Хоџкинсовата болест се седум пати посклони одколку другите .Причините за не -Хоџкинсовите лимфоми главно се непознати .Обликот наречен Буркитсов(Burkitts) лимфом тесно е поврзан со Епштајн-Баровиот(Epstein-Bar)вирус ,вирус на херпес кој најчесто се наоѓа во Африка . Другите лимфоми се поврзани со заразата со ХИВ кој предизвукува СИДА или вирусот ХТЛВ ,друг член од фамилијата ХИВ .Од појавата на СИДАТА во почетните осумдесети години на дваесеетиот век ,појавувањето на не-Хоџкинсовите лимфоми се зголеми на шеесет и пет проценти ,а појавата на Хоџкинова болест стана поретка . Другите проблематични појави што го заслабнуваат имунолошкото функционирање на организмот како пресадувањето на органи ,лекувањето со зрачење или хемотерапија или автоимуните нарушувања како лупусот (жива рана )и ревматоидниот артритис ,исто така ,ја зголемуваат опасноста од појава на не-Хоџкинсов лимфом .

Дијагноза[уреди | уреди извор]

Лекарите незнаат како да го откријат лимфомот пед да почне да предизвукува симптоми .Отечените лимфни жлезди во пределот на вратот ,пазувите и ципите обично се први знаци .Болниот може сам да ги забележи отоците ,или тие можат да бидат откриени при редовни прегелди .Лекарот ,исто така ,може да се посомнева во лимфом кога отекувањето на лимфните жлезди или на слезината е придружено со симптоми како слабост ,треска или ноќно препотување . Со комбинација на анализи на крвта и урината со снимање може да се открие нарушувањето кое помага за дијагностицирање на лимфомот ,но за да се потврди дијагнозата мора да се направи биопсија-обично лимфниот јазол ,а некогаш и на оштетената кожа или на белодробното ткиво кое се зема по хируршки пат и се дава на преглед кај патолог .Големината ,обликот и примерокот на клетките под микроскоп покажуваат дали постои лимфом или не ,а ,ако постои ,на кој вид му припаѓа . Ако се утврди рак ,натамошните анализи може да одредат колку тој се проширил .Лекарите може да го прегледаат лимфниот систем ,служејќи се со КТ (компијутерска томогафија) или со рендгенско снимање наречено лимфангиографија .При оваа постапка на болниот му се инјектира боја што го истакнува лимфниот систем на рендгенската снимка .Биопсијата на коскената срцевина обично се прави за да се провери постоењето на канцорегените клетки во коскената сцевина .Некогаш може да има потеба од операција поради целосно откривање на зафатеноста на лимфните јазли .

Лекување[уреди | уреди извор]

Лимфомите се вбројуваат во видовите рак кои најдобро реагираат на зрачење и хемотерапија .Како што облиците на лекување стануваа пософистицирани ,така растеше и стапката на преживеани од лимфом .Повеќето болни кои боледуваат од лимфоми денес живеат најмалку пет години со конвенционално лекување .Успешноста е особено голема кај Хоџкинсовата болест .Најмалку седумдесет проценти новодијагностицирани случаи денс се смета дека може да се излекуваат .

Конвенционална медицина[уреди | уреди извор]

Специфичноста на лекувањето се разликува од случај до случај ,зависоно од видот на лимфоми за кој се работи ,постоењето или непостоењето симптоми ,возраста на болниот и оштата здраствена состојба.Поради сложеноста на донесувањето на одлуките ,болниот треба да се поттикне да го послуша мислењето на специјалистот за лимфоми во центарот за лекување рак пред да почне со одреден начин на лекување . Кога е ограничена на еден лимфен јазол или на една група лимфни јазли Хоџкинсовата болест може успешно да се лекува со зрачење .При лекувањето големи тумори или на Хоџкинсовата болест која почнала да се шири ,хемотерапијата ,понекогаш во комбинација со зрачење ,представува најдобар облик на лекување .Таквото лекување спроведено агресивно ,може да излекува до четириесет проценти од веќе напреднатите случаи на Хоџкинсовата болест .Со оглед на тоа што успехот зависи од високи дози на отровни лекови и зрачења ,лекувањето често преизвикува непријатни придружни појави ,а може да предизвика и дополнителни компликации како неплодности и друго .Со лекови и со дополнителни облици на лекувања може да се контролираат некои придружни дејства .Болните мажи може да се определат за чување семе пред да почнат со лекување .Жените во години пред климактериум обично ја губат менструацијата во текот на лекувањето ,но менструацијата може да се појави по завршувањето на лекувањето .Одлуката за лекување на не-Хоџкинсовиот лимфом зависи од степенот на болеста .Болеста со помал степен обично бавно напредува и -иако реагира на хемотерапијата -обично повторно се појавува .Наместо болниот да поминува низ непотребното лекување лекарот може да се определи за будно следење на слабиот облик на болеста и да преземе лекување и дури кога болеста ќе почне забрзано да напредува .Наспроти тоа ,потешките случаи бараат брзо и засилено лекување со зрачење ,со хемотерапија или со двете . Истражувачите продолжуваат да ги проучуваат методите на лекување со надеж дека ќе ја подобрат стапката на излекуваност кај напреднати и повторени лимфоми .Крајната цел е-како што било отсекогаш-уништување на клетките на ракот ,без оштетување на другите клетки .Се проучуваат различните начини со кои тоа би се постигнало .Имунотерапевтите експериментираат со одредени биолошки материи ,како што се интерферонот и да го поттикнат имунолошкиот систем позасилено да ги напаѓа клетките на ракот .Другите истражувачи синтетизираат посебни белковини ,наречени моноклонски антитела ,кои ги уништуваат клетките на ракот .Помешани со отровни хемикалии или радиоактивни материи ,овие антитела имаат за цел да задаваат смртоносни удари на клетките на ракот ,без да ги оштетат околните здрави клетки .Другото оружје против ракот опфаќа многу други техники кои ги прават клетките на ракот чуствителни на лекови и зрачење .Во некои случаи се применува пресадување на коскена срцевина за да се овозможи употреба на поголеми дози хемотерапија . Заболените од лимфоми кои постигнуваат ремисија би требало да одат на редовни прегледи поради утврдување на ракот затоа што лимфомите во значителен процент повторно се јавуваат во време од две-три години кај оние кои преживеале .Кај успешното лекување на Хоџкинсовата болест многу е ретко повторно јавување по пет години ремисија .

Дополнителни начини на лекување[уреди | уреди извор]

Лимфомите и нивното стандарно лекување се отровни лекови и зрачење доведуваат до ослабување на имунолошкиот систем .Многу облици на лекувањеза кои некои истаржувачи веруваат дека го јакнат имунолошкиот систем на телото можат сигурно да го придружуваат стандарното лекување да го одржат општото здравје и всушност да му помогнат на телото во борбата против ракот . Одморањето ,олабавувањето и здравата исхрана се основа за враќање на доброто здравје .Придружувањето на групите за подршка може да помогне во смирувањето на чуствата што допринесуваат на стресот .

Домашна нега[уреди | уреди извор]

Хемотерапијата и зрачењето може да предизвикаат непријатни придружни последици ,како мачнина ,повраќање ,пролив ,слабост и подложност на воспаленија .Лекарот може да ви препише лекови да се намалат некои од овие тегоби ,а и сами може многу да направите за да ги олесните симптомите :јадете лесна храна ,избегнувајте ги млечните производи, слатките ,пржените и мрсните јадења ,пијте повеќе течности пред и по оброците .Ако мирисот на варена храна ви предизвикува мачнина ,обидете се да јадете студена храна или храна на собна температура .Носете широка облека .Внимавајте кожата да ви биде чиста и без гребаници и избегнувајте контакти со болни .Одморете се кога ќе почуствувате потреба ,занимавајте се со активности кои ви помагаат да не мислите на моменталната непријатност .

Превенција[уреди | уреди извор]

Поради ограниченото значење за причините за лимфомите ,лекарите неможат да дадат детали упатства за превенција .Да се остане здрав колку што е тоа можно ,општо земено ,го намалува ризикот од рак .Стандарните совети вклучуваат разновидна храна ,контролирање на телесната тежина ,редовно вежбање и доволно спиење .Сите овие мерки придонесуваат за здраво имунолошко функционирање .Ако не сте апсолутно сигурни дека вашиот партнер е ХИВ негативаен ,употребувајте контрацептивни средства во текот на половиот однос за да ја избегнете заразата .

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Издавачка куќа: Mладинска куќа-Скопје
  • За издавачот: Златко Макаровски
  • Уредник: Лавинија Шувака