Кашлица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кашлица
Pertussis.jpg
Мало дете кое има магарешка кашлица.
Кашлање.

Проблеми со пуштањето? Помош.
МКБ-10 R05
МКБ-9 786.2
DiseasesDB 17149
MedlinePlus 003072
eMedicine ENT/1048560
MeSH D003371

Кашлица (латински: tussis) - ненадејно, експлозивно и издишувачко маневрирање со кое луѓето се стремат да ги отстранат материите од дишните патишта.

Симптоми и дијагноза[уреди | уреди извор]

Пациентите, а понекогаш и неискусните лекари, кашлањето го изедначуваат со бронхитис (најчесто, бактериски) и одредуваат терапија со антибиотици и други препарати кои го поттикнуваат кашлањето.[1]

Видови кашлица[уреди | уреди извор]

Како најчести видови кашлица се јавуваат:[2]

  • Ларингеална кашлица (кашлица од грлото) - се појавува во ненадејни напади, вообичаено по одредено скокоткање во грлото при што болниот не може да земе воздух, што може да предизвика вртоглавица.
  • Трахеална кашлица (кашлање од дишникот) - според симптомите е слична на претходната, само што се слуша звук како лаење. Таа е проследена со силна болка зад градната коска,а се јавува поради воспаление на дишникот. На почетокот, додека трае болката, кашлањето е суво, а потоа болниот искашлува густ секрет.
  • Кашлица кај бронхитис - се јавува кај акутниот бронхитис и обично ги нема претходните симптоми, т.е. таа е постојана и без карактеристичните напади. На почетокот, кашлицата е сува и непродуктивна, а потоа искашлувањето може да биде проѕирно, што претставува одлика на вирусните инфекции, или пак да биде жолто-зеленикаво, што претставува знак за бактериска инфекција. Хроночниот бронхитис кај пушачите е проследен со силни напади на кашлица наутро, кои траат додека не се исфрли секретот што се наталожил во текот на ноќта.
  • Астматична кашлица - се јавува кај опструктуивните болести на белите дробови, како што е астмата. Може да биде предизвикана од длабоко вдишување, смеење или вдишување ладен воздух. По нападот на кашлицата, болниот чувствува отежнато издишување и свирење во градите.
  • Кашлање од храна - кај постарите луѓе, кај кои е нарушен рефлексот за голтање, често се јавува кашлање по земањето храна или пијалак, бидејќи дел од храната навлегува во дишникот.
  • Кашлица со примеси на крв - појавата на крв при кашлањето е знак за сериозно заболување, бидејќи е честа кај туморите на белите дробови. Тогаш, нападите на кашлање се чести и тешки и болниот помодрува или дури ја губи свеста. Меѓутоа, мали траги на крв може да се појават при секоја силна кашлица поради оштетувањето на слузницата.
  • Кашлица при апцес и бронхоектазија - искашлувањето поголеми количества гноен секрет со специфичен мирис е знак за распаѓање на ткивото во белите дробови во случај на белодробен апцес. Апцесот може да се јави како болест или да биде последица на туѓо тело во бронхиите. Тогаш, во проширените бронхии се таложи секрет, а со промена на положбата на телото, кашлањето и секретот се зголемуваат.
  • Кашлица кај срцевите заболувања - кога кашлицата е проследена со задишување, особено ако се зголемува при напор или при хоризонтална положба на телото, е знак за слабеење на срцето и застој во белите дробови. Кај овој вид, искашлувањето е водесто и пенесто, а во белите дробови се слуша карактеристичен звук.
  • Кашлица при фиброза на белите дробови - се јавува поради претворање на белите дробови во цврсто фиброзно ткиво, а тоа е проследено со силна кашлица која е особено изразена при физички напор.
  • Кашлица како последица на воспалена или надразнета слузница на белите дробови - може да биде последица на бактериска или вирусна инфекција. Ако искашланиот секрет е со жолта или зелена боја, тоа е знак за бактериска инфекција, која често е проследена со зголемена телесна температура.

Лекување[уреди | уреди извор]

Лек за смирување на кашлица

За правилно лекување на кашлицата мора да се одреди нејзиниот извор. Ако таа е предизвикана од некоја примарна болест (тумор, астма, срцево заболување итн.), тогаш лекувањето се насочува кон болеста, со што исчезнува и кашлицата. Во случај на бактериска инфекција се употребуваат антибиотици, а при суво и често кашлање со проѕирен секрет се препорачува симптоматска терапија, т.е. лекови против кашлањето (антитусици). Тие го намалуваат рефлексот за кашлање на локално или централно ниво. Овие лекови вообичаено се даваат при неподносливи напади на кашлање кое го оневозможуваат нормалното секојдневно живеење на болниот или му го нарушуваат сонот. Ако искашлувањето е отежнато се даваат муколитици (синтетички или на природна база), со цел да се олесни искашлувањето. Во случај на алергиско воспаление на слузницата на дишните патиштa се применуваат антихистаминици и инхалациски кортикостероиди. На болните од астма им се дава и бронходилататор кој ги шири бронхиите. Во лекувањето на кашлицата посебно место има медицинската инхалациска терапија при што со инхалирање разни медицински раствори се решава проблемот со кашлањето.[3]

антисептик за намалување на воспаление на грлото кое предизвикува кашлица

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Инхалациската терапија дава најдобри резултати“, Здравје, понеделник, 3 ноември 2014, стр. 6.
  2. „Инхалациската терапија дава најдобри резултати“, Здравје, понеделник, 3 ноември 2014, стр. 6-7.
  3. „Инхалациската терапија дава најдобри резултати“, Здравје, понеделник, 3 ноември 2014, стр. 7.