Бактерија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бактерии
Клетки на Escherichia coli, зголемени за 25,000 пати
Научна класификација
Домен: Bacteria
Типови

Actinobacteria
Aquificae
Chlamydiae
Bacteroidetes/Chlorobi
Chloroflexi
Chrysiogenetes
Cyanobacteria
Deferribacteres
Deinococcus-Thermus
Dictyoglomi
Fibrobacteres/Acidobacteria
Firmicutes
Fusobacteria
Gemmatimonadetes
Lentisphaerae
Nitrospirae
Planctomycetes
Proteobacteria
Spirochaetes
Thermodesulfobacteria
Thermomicrobia
Thermotogae
Verrucomicrobia

Најголем број од бактериите се едноклеточни организми. Тоа се микроорганизми од кои најмалите видови имаат дијаметар помал од 1 микрометар.

Бактериите се многу ситни организми составени само од една клетка, која е поедноставна и значително поинаква од растителните и животинските клетки. Тие живеат и се размножуваат таму каде што можат да најдат извор на енергија за живот. Некои живеат во или на друго живо суштество, било да се штетни (предизвикуваат болести) или корисни, на пример, заштитуваат од некои штетни бактерии. Повеќето од бактериите, меѓутоа, живеат во или на угинати растенија или животни и нивнито дејство предизвикува распаѓање (гниење).

Кај бактериите отсуствуваат пластиди и митохондрии. Кај нив е присутен дифузно распределен јадрен материјал нуклеоид. Цитоплазмата е ограничена со клеточен ѕид, кој, во поглед на биохемискиот состав, се разликува од клеточниот ѕид на другите растенија. Тој се состои од аминокиселини, липиди, протеини и трансформиран шеќер. Според ова, може да се каже дека претставува жива творба, за разлика од целулозниот ѕид кај клетките на другите растенија. Во состав на бактерискиот клеточен ѕид влегува и муреинот, хемиско соединение со доста сложен состав кое содржи мукопептиди. Под клеточниот ѕид се наоѓа клеточната мембрана. Некои бактерии имаат однадвор еден лигав слој, наречен капсула, кој има заштитна улога. Исто така, одредени видови поседуваат флагелуми (камшичиња), кои служат за движење.

Според формата на клетката, бактериите се делат на:

Освен овие форми, има и многу други т.н. преодни форми. Такви се на пример:

Во поглед на исхраната, имаме автотрофни и хетеротрофни бактерии. Дел од автотрофните содржат бактериохлорофил и можат да вршат фотосинтеза (фотосинтетски бактерии), а дел кои не содржат фотосинтетски пигменти, ја користат хемиската енергија за синтеза на органски соединенија, во процесот хемосинтеза (хемосинтетски бактерии). Хетеротрофните бактерии се исхрануваат сапрофитски или паразитски. Сапрофитите се хранат со органски материи од изумрени организми, при што ги разложуваат до неоргански материи, потребни за процесот фотосинтеза кај растенијата. Сапрофитските бактерии (уште наречени и редуценти) се главните алки во синџирот на кружење на материите во природата. Паразитските бактерии паразитираат на растенијата, животните и човекот, предизвикувајќи притоа најразлични заболувања. Наречени се уште и патогени бактерии (како на пример хеликобактер). Некои бактерии (како Ешерихија коли) се составен дел од организмот на човекот, животните и растенијата, без кои тој не може да функционира.

Бактериите се размножуваат бесполово (со проста делба, а некои со спори) и полово. Спорите служат и за заштита на бактериите при неповолни животни услови, а при поволни се развиваат во нови единки, и тоа за многу брзо време (за само 20 минути, односно за само од 24 часа од една единка се создава популација од 636 милиони бактерии). Меѓутоа, сончевата светлина, температурата и некои други фактори (како ограничена количина на храна) влијаат за намалување на нивната бројност. Половото размножување кај бактериите се одвива само во многу поволни услови, по пат на конјугација.

Бактериите се распространети насекаде околу нас и на/во нас. Огромен број нивни единки ја населуваат целата Земја. Живеат во водена средина, во почва, во воздух, како и на сите предмети.