Прејди на содржината

Градна коска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Градна коска
Позиција на градната коска во човечкото тело (црвен дел).
Задна површина на градната коска.
Податоци
Назнаки
ЛатинскиSternum
MeSHA02.835.232.904.766
FMAFMA:7485

Градната коска (латински: sternum) е непарна долга плочеста коска, која наликува на буквата Т. Се наоѓа на предната страна на срцето во центарот градниот кош (градите). Се поврзува со ребрата преку ребрените рскавици. Помага да се заштитат белите дробови, срцето и големите крвни садови од физички повреди.

  • Дршката на градната коска (латински: manubrim sterni) е споена со телото формира агол (латински: angulus sterni). Бочно се гледа по еден засек за зглобување со клучната коска и по еден за зглобување со првото ребро.
  • Тело на стернумот (латински: corpus sterni) по должината од секоја страна носи по шест засеци за зглобување со ребрените рскавици.
  • Мечовиден израсток (латински: processus xiphoideus) наликува на меч и се наоѓа на долниот крај од телото.

Зглобови (Articulationes sternocostales)

[уреди | уреди извор]

Ребрените рскавици од првото до седмото ребро се спојуваат со бочните засеци од градната коска. Ребрените рскавици од осмото, деветтото и десеттото ребро меѓусебно се спојуваат со рскавицата од седмото ребро. Се вршат движење на подигање и спуштање на ребрата при акт на дишење.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]