Лакотна коска
Лакотна коска | |
---|---|
![]() Позиција на лакотната коска (црвен дел) | |
![]() Десна рака, дланка предна и задна страна (лакотна коска 2) | |
Податоци | |
Назнаки | |
Латински | Ulna |
MeSH | A02.835.232.087.090.850 |
TA | A02.4.06.001 |
FMA | FMA:23466 |
Лакотната коска (латински: Ulna) е една од долгите коски кои заедно со палечната коска (латински: Radius) ја создаваат подлактицата. Лакотната коска е пократка од палечната коска.
Делови[уреди | уреди извор]
На лакотната коска се разликуваат:
- тело (латински: corpus ulnae);
- горен крај составен од два коскени израстоци:
- долен крај составен од:
- глава (латински: caput ulnae);
- шилчест израсток (латински: processus styloideus).
Зглобови[уреди | уреди извор]
Лакотната коска преку коскените израстоци се зглобува со макарата (латински: trochlea humeri) од хумерусот, се зглобува со главата од палечната коска, латерално главата од лакотната коска се зглобува со долниот коскен засек од палечната коска и на долниот крај главата преку врска се спојува со една од коските на коренот на шепата.
Кај животните[уреди | уреди извор]
Кај четириножните животни товарот од телото паѓа на лакотната коска, а кај повеќето цицачи лакотната коска е споена со палечната коска и затоа не може да постои како посебна коска.
Галерија[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() | Оваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |