Долновилична коска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Долна вилица

Мандибулата е непарна коска споена со подвижен зглоб за черепот. На неа се разликуваат тело и две гранки. Меѓу гранките и телото од обете страни се наоѓа виличен агол. Според поделбата влегува во групата коски на лицето. Таа е најголемата и најјаката коска во слелетот на лицето, и служи за припојување на долните заби. Забите или dentes, се цврсти структури сместени во забни јамички или алвеоли, на долната и горната вилица од усната празнина.

Тело[уреди]

Тело corpus mandibulae – Наликува на потковица. Горниот раб од телото е забен продолжеток ( processus alveolaris ) со забни јамички (alveoli dentales) каде што се вметнати корените корените од долните заби. Долниот раб од телото е масивен и претставува база.

Вилични гранки[уреди]

Вилични Гранки (ramus mandibulae) на горниот крај завршува со два израстока:преден ( короноиден израсток ) служи за поврзување со темпоралниот мускул, а задниот зглобен израсток во вид на глава (caput mandibulae) за зглобување со темпоралната коска. Овој е единствениот подвижен зглоб на главата.

Надворешни врски[уреди]

Долна вилица