Тилна коска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето


Тилна коска
WhiteDesertSkullCropped.png
Човечка глава (тилната коска е десно на долната страна)
Occipital bone lateral4.png
Позицијата на тилната коска (пакажано со зелено)
Податоци
Зглобовиthe two parietals, the two temporals, the sphenoid, and the atlas
Назнаки
Латинскиos occipitale
TAA02.1.04.001
FMAFMA:52735

Тилната коска го гради задниот дел од покривот и задниот дел на черепот. На средината од коската се наоѓа голем тилен отвор (foramen magnum). Тилната коска се дели на четири делови:

  • преден;
  • заден;
  • два бочни.

Преден дел[уреди | уреди извор]

Преден дел или базиларен дел се наоѓа пред големиот отвор, а неговата горна страна е вдлабната во надолжна бразда каде што лежи продолжениот мозок и мозочниот мост.

Заден дел (squama occipitalis)[уреди | уреди извор]

Задниот дел се наоѓа зад големиот отвор на неговата внатрешна и надворешна страна има тилно испакнување.
На внатрешната страна испакнувањето личи на крст кој што ограничува четири јами во кои лежат одделни делови на[малиот и големиот мозок. Централниот дел од крстот претставува внатрешно тилно испакнување (protuberantia occipitalis interna). На средината од внатрешната страна се наоѓа надворешно тилно испакнување (protuberantia occipitalis externa). Бочно од него тргнуваат коскени гребени за поврзување на задните вратни и грбни мускули.

Бочни делови[уреди | уреди извор]

На долната страна поседуваат по едно зглобно испакнување наречено тилен кондил кој се зглобува со првиот вратен прешлен (atlas).