Препонска коска
Изглед
| Препонска коска | |
|---|---|
Карличен појас | |
Машка карлица | |
| Податоци | |
| Назнаки | |
| Латински | Os pubis |
| MeSH | A02.835.232.611.781 |
| TA | A02.5.01.301 |
| FMA | FMA:16595 |
Препонската коска (латински: os pubis) — парна коска и заедно со бедрената и седалната коска учествува во градбата на карличната коска.
Делови
[уреди | уреди извор]Препонската коска се состои од:
- тело (латински: corpus ossis pubis) што го гради предниот дел од ацетабулумот;
- две гранки: горна и долна, учествуваат однапред во ограничувањето на запречниот отвор;
- валчеста зглобна површина (латински: facies symphysialis) се зглобува со истата од спротивната коска и гради неподвижен зглоб (латински: simphysis publica).
Зглобови
[уреди | уреди извор]Зглобовите овозможуваат поврзување на двете препонски коски и поврзување на ацетабулумот со главата од бутната коска:
- срамна симфиза (латински: symphysis pubica) претставува неподвижен ’рскавичен спој што ги соединува предните краишта на двете препонски коски;
- зглоб на колкот (латински: articulatio coxae) го поврзува ацетабулумот од карличната коска со главата од бутната коска. Спаѓа во топчести зглобови и во него се вршат сите движења на ногата.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Лева карлична половина, приказ на срамната симфиза (препонската коска вовлечена во левиот дел).
- Осификација на карлична коска (препонската коска е означена под број 3).
- Карлица (срамната симфиза прикажана во долниот централен дел).
- Внатрешна страна на карлична коска (препонската коска означена кон централниот дел).
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| Оваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |