Корен на стапалото

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Корен на стапалото
Tarsus.png
Коски од коренот на стапалото
Subtalar Joint.PNG
Петна (зелен дел) и скочна коска (син дел).
Податоци
Назнаки
Латински Tarsus, os calcaneum, os calcis
MeSH A02.835.232.043.300.710.300
FMA FMA:24496

Коренот на стапалото (латински: tarsus) се состои од седум коски рапределени во два реда (заден и преден ред) и служи за поврзување на стапалото со подколеницата.

Коски во предниот ред[уреди | уреди извор]

Во предниот ред се наоѓаат пет коски: коцкеста коска (латински: os cuboideum), чунеста коска (латински: os naviculare), а пред неа три клинести коски: медијална (латински: os cuneiforme mediale), средна (латински: os cuneiforme intermedium) и латерална (латински: os cuneiforme laterale).

Чунеста коска[уреди | уреди извор]

Чунестата коска (латински: os naviculare) се наоѓа на медијалната страна од стапалото и се поврзува проксимално со скочната коска, дистално со трите клинести коски и странично со коцкестата коска. Осификацијата е последна кај чунестата коска и настанува до крајот на втората година кај девојчињата и почетокот на четвртата година кај момчињата.

Коцкеста коска[уреди | уреди извор]

Коцкестата коска (латински: os cuboideum) е една од седумте коски на стапалото и е прва коска од предниот ред на коренот на стапалото, се поврзува со латералната клинеста коска и со чунестата коска.

Медијална внатрешна клинеста коска[уреди | уреди извор]

Медијалната внатрешна клинеста коска (латински: os cuneiforme mediale) се наоѓа на медијалната страна од стапалото се поврзува со коцкестата коска, средишната клинеста коска, во долниот дел со метатарзалните коски и во горниот дел со чунестата коска.

Средна клинеста коска[уреди | уреди извор]

Средната клинеста коска (латински: os cuneiforme intermedium) се поврзува со двете клинести коски (латерална клинеста коска и медијална клинеста коска), во долниот дел се поврзува со метатарзалните коски и во горниот ред се поврзува чунестата коска.

Лева чунеста коска (антерио- латерален поглед)

Латерална надворешна клинеста коска[уреди | уреди извор]

Латералната надворешна клинеста коска (латински: os cuneiforme laterale) е последна коска од коските во предниот ред на коренот на стапалото, се поврзува со средната клинеста коска, во долниот дел со метатарзалните коски и во горниот дел се поврзува со чунестата коска.

Коски во задниот ред[уреди | уреди извор]

Во задниот ред се наоѓаат две коски: скочна коска (латински: talus) и петна коска (латински: calcaneus).

Скочна коска[уреди | уреди извор]

Скочната коска (латински: talus) ја пренесува тежината од телото на сводот од стапалото, горниот дел наликува на макара и се зглобува со долната страна од тибијата и двата глужда.

Телото на скочната коска.

Петна коска[уреди | уреди извор]

Петната коска (латински: calcaneus) е најголема коска од коренот на стапалото, задниот слободен дел претставува петна џумка (латински: tuber calcanei) така што се припојува со ахиловата тетива од триглавиот мускул на подколеницата.

Зглобови[уреди | уреди извор]

Зглобовите во делот на коренот на стапалото овозможуваат поврзување на стапалото со тибијата и фибулата како и поврзување помеѓу самите коски:

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]