Крсна коска
Изглед
| Крсна коска | |
|---|---|
Крсната коска во карличната површина (лев дел). | |
Фотографија од машка карлица (крсната коска е во центарот). | |
| Податоци | |
| Назнаки | |
| Латински | Os sacrum |
| MeSH | A02.835.232.834.717 |
| TA | A02.2.05.001 |
| FMA | FMA:16202 |
Крсната коска (латински: os sacrum) — триаголна коска и се наоѓа под петтиот слабински прешлен, и над тртичните прешлени.
Делови
[уреди | уреди извор]Крсната коска е составена од 5 меѓусебно сраснати крсни прешлени (латински: vertebrae sacrales), и е целосно свртена нанапред. На крсната коска се разликуваат:
- горен зглобен израсток, поседува горна зглобна површина;
- предна страна, која е мазна и свртена кон карлицата ;
- задна страна, која е рапава и поседува коскени гребени за припој на мускули и врски;
- предната и задната страна поседуваат отвори (латински: foramina sacralia) за премин на крсни нерви. Бочно се наоѓаат зглобни површина кои наликуваат на уво (латински: facies auricularis) и служат за поврзување со карличната коска;
- крстен канал (латински: canalis sacralis);
Споеви
[уреди | уреди извор]Крсната коска се спојува со:
- последниот лумбален прешлен (латински: vertebrae lumbales L5);
- со врв насочен надолу се поврзува со тртичната коска (латински: os coccygis);
- бочните страни се спојуваат со карличните коски (латински: os coxae).
Особености
[уреди | уреди извор]Крсната коска во некои случаи може да биде составена од шест крстни прешлени, но може да има и случај каде бројот на крсните прешлени се намален на 4, во овој случај првиот и вториот крстен прешлен не успеваат да се поврзат.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Фотографија од женска карлица, предна страна (крсната коска е сместена во центарот).
- Задна страна на крсната коска.
- Странична површина на крсната коска и тртичните прешлени.
- Предна страна на крсната коска.
- База на крсната коска.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| Оваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |