Наковална (коска)
Изглед
| Наковална | |
|---|---|
Лева наковална (A) предна страна, (B) внатрешна страна. | |
Приказ на слушната туба. | |
| Податоци | |
| Зглобови | Incudomalleolar, incudostapedial joint |
| Назнаки | |
| Латински | Incus |
| MeSH | A09.246.397.247.362 |
| TA | A15.3.02.038 |
| FMA | FMA:52752 |
Наковалната (латински: incus) претставува мало ковче што се наоѓа во тапанската празнина на средното уво.
Делови
[уреди | уреди извор]На наковалната се разликуваат:
- тело;
- горна гранка;
- долна гранка.
Поврзувања
[уреди | уреди извор]Наковалната се поврзува со чеканчето на горната страна, а на долната страна се поврзува со стременот;
- слушните ковчиња се поврзуваат со цел да ги засилат примените бранови од слушното тапанче.
Слушен апарат
[уреди | уреди извор]Улога на чеканчето, стременот и наковалната во слушниот механизам:
- звучните бранови доаѓаат од надворешната средина и преку надворешниот слушен канал одат до мембраната на тапанчето;
- ковчињата во средното уво (чеканче, стремен и наковална) треперат и основата на стременот се раздвижува и удира на овалниот прозорец;
- треперењата на основата на стременот се пренесуваат преку овалниот прозорец до перилимфата на вестибуларната преграда на полжавот;
- треперењата го поттикнуваат слушниот орган (Кортиевиот слушен орган) и праќаат нервни импулси што одат до големиот мозок преку нервот на полжавот;
- откако ќе биде стимулиран органот за слух, вибрациите преминуваат во перилмфата на преградата на тапанчето и се губат во тркалезниот прозорец.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Тапанска празнина (наковалната прикажана во долниот десен агол).
- Приказ на чеканчето (лева коска) и наковаланата (десна коска).
- Синџирот од трите ковчиња и нивните лигаменти.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| Оваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |