Темена коска

Од Википедија — слободната енциклопедија


Tемена коска (os parietale) претставува парна плоската коска којашто учествува во градбата на средниот дел од черепниот покрив (calvaria). Таа напред се зглобува со сквамата од челната коскa (oss frontale) а одзади се зглобува со тилната коска , долу поголемиот дел се зглобува со слепоочната коска(oss temporale)а со помал дел се зглобува со со клинестата коска (oss sphenoidale).Темената коска по форма претставува четвртеста коска и на неа се забележуваат 2 страни 4 раба и 4 агли.

  • Надворешна страна - надворешната страна на темената коска во целина е испакната и најиспакнатиот дел е означен како темено испакнување (tuber parietale), особено е изразено кај децата и жените.Под tuber parietale се наоѓаат две полукружни линии со конкавитет свртен надолу тоа се:горна слепоочна линија linea temporalis superior и долна слепоочна линија linea temporalis inferior . Предните краишта на обете линии се споени а задните краишта се оддалечени.[1]

На linea temporalis superior се прицрврстува слепоочната фасција fascia temporalis. На linea temporalis inferior kako и на делот од надворешната страна страна на темената коска која се наоѓа под линијата учествува во градба на fossa temporalis и се припојува слепоочниот мускул musculus temporalis.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Romer, Alfred Sherwood; Parsons, Thomas S. (1977). The Vertebrate Body. Philadelphia, PA: Holt-Saunders International. стр. 217–244. ISBN 0-03-910284-X.