Корен на дланка
Корен на дланка | |
---|---|
![]() Коренот на дланката (црвен дел) | |
![]() 8 коски кои го градат коренот на дланката
Дистален ред: 1 = Палечна коска, 2 = Лакотна коска, 3 = Коски на прсти | |
Податоци | |
Назнаки | |
Латински | ossa carpi |
MeSH | A02.835.232.087.144 |
TA | A02.4.08.001 |
FMA | FMA:71335 |
Коренот на дланката (латински: ossa carpi) е составен од осум коски распоредени во два реда и служи за поврзување на дланката со подлактицата.
Коски во првиот ред[уреди | уреди извор]
Од палецот кон малиот прст во горниот ред се наоѓаат коските: чунеста коска(латински: os scaphoideum), полумесечеста коска (латински: os lunatum), триаглеста коска (латински: os triquetrum) и грашковидна коска (латински: os pisiforme).
Чунеста коска[уреди | уреди извор]
Чунестата коска (латински: os scaphoideum) е сместена меѓу раката и подлактицата на палецот од страна на рачниот зглоб (странична или радијална страна).
Полумесечеста коска[уреди | уреди извор]
Полумесечестата коска (латински: os lunatum) е сместена во центарот на проксималниот ред на карпалниот зглоб на раката. Името на коската произлегува од латинскиот збор луна (латински: luna), што значи месечина.
Tриаглеста коска[уреди | уреди извор]
Триаглестата коска (латински: os triquetrum) се наоѓа во зглобот на медијалната страна на проксималниот ред на карпалниот дел помеѓу полумесечестата и грашковидната коска, се поврзува со грашковидната, кукестата и полумесечестата коска.
Грашковидна коска[уреди | уреди извор]
Грашковидната коска (латински: os pisiforme) е мала коска која наликува на зрно грашок, сместена е на проксималниот ред на карпалниот дел, се спојува единствено со триаглестата коска.
Коски во вториот ред[уреди | уреди извор]
Во вториот ред се наоѓаат коските: трапезна коска (латински: os trapezium), трапезоидна коска (латински: os trapezoideum), главеста коска (латински: os capitatum) и кукеста коска (латински: os hamatum).
Трапезна коска[уреди | уреди извор]
Трапезната коска (латински: os trapezium) е прва коска сместена во дисталниот ред на карпалниот дел, се поврзува со трапезоидната коска.
Трапезоидна коска[уреди | уреди извор]
Трапезоидната коска (латински: os trapezoideum) е најмала коска во дисталниот ред, се поврзува со трапезната, главестата коска и со метакарпалнните коски.
Главеста коска[уреди | уреди извор]
Главестата коска (латински: os capitatum) е најголема коска на коренот на дланката, сместена е во дисталниот ред на карпалниот дел и се поврзува со трапезната, кукестата коска и метакарпалните коски.
Кукеста коска[уреди | уреди извор]
Кукестата коска (латински: os hamatum) наликува на кука и затоа се нарекува кукеста, во горниот дел се спојува со триаглестата коска, а во долниот дел со четвртата и петтата метакарпална коска.
Зглобови[уреди | уреди извор]
Зглобовите на коренот на дланката овозможуваат поврзување на коските од првиот и вториот ред, поврзување помеѓу самите коски и поврзување со метакарпалните коски, како и поврзување со коските од подлактицата;
- радиокарпален зглоб (латински: articulaciones manus) ги зглобува долните краеви од палечната и лакотната коска со чунестата, полумесечестата и триаглестата коска од коренот на шаката;
- медиокарпален зглоб (латински: articulatio mediocarpea) ги зглобува горниот и долниот ред на карпалните коски. Двата зглоба функционираат како елипсовиден зглоб каде што се вршат движења на флексија, екстензија, абдукција, аддукција и циркумдукција на дланката;
- интеркарпални зглобови меѓусебно ги поврзуваат карпалните коски, а по функција се рамни зглобови;
- карпометакарпални зглобови го поврзуваат долниот ред од карпалните коски со горните краеви од метакарпалните коски, со исклучок на зглобот од палецот кој е седлест другите четири зглоба се полуподвижни.
Галерија[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() | Оваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |