Дланка
Дланка | |
---|---|
![]() Двете страни на десната дланка кај човекот | |
![]() Рентгентска снимка на човечка дланка | |
Податоци | |
Вена | dorsal venous network of hand |
живец | Ulnar, median, radial nerves |
Назнаки | |
Латински | Manus |
MeSH | A01.378.800.667 |
TA | A01.1.00.025 |
FMA | FMA:9712 |
Дланката (латински: manus, мн. manūs) е телесен орган која е дел од горните екстремитети. Дланките се составени од по пет прсти и се наоѓаат веднаш под подлактицата. Дланките се главните органи за физичка манипулација со околината кои се користат за големи и мали моторни вештини. Прстите од дланките содржат голем број нерви, што пак реагира со големо чувство на допир. Како и останатите симетрични органи, така и рацете се контролирани од спортивните мозочни хемисфери.
Скелет[уреди | уреди извор]
Скелетот на шаката е составен од 27 коски поделени во три групи:
- коски на коренот на шаката
- коски на докпоренот и
- коски на прстите од шаката.
На скелетот се разликуваат две страни: предна или дланска (facies palmaris) и задна страна (facies dorsalis).
Корен на дланката (ossa carpi)[уреди | уреди извор]
Коренот (carpus) се состои од осум коски распоредени во два реда. Одејќи од палецот кон малиот прст во горниот ред се наоѓаат следните коски: чунеста, полумесечеста,триаглеста и грашковидна коска. Долниот ред е составен од трапезна коска, трапезоидна коска, главеста коска и кукеста коска.
Подкорен на дланката (ossa metacarpalia)[уреди | уреди извор]
Претставуваат пет долги коски означени со редни броеви идејќи од палецот кон малиот прст.Тие ги спојуваат карпалните коски со коските од прстите. На сите метакарпални коски се се разликуваат тело и два краја. Горните краеви се зглобуваат со долниот ред од карпалните коски, а долните краеви се зглобуваат со првите коски од прстите.
Прсти (ossa digitorum manus)[уреди | уреди извор]
Коските на прстите се наречени фаланги на број 14 и претставуваат долги коски. Секој прст со исклучок на палецот е составен од три коски-членчиња (phalanges), а палецот од две. На секоја фаланга се разликува тело и два краја. Горните и средните фаланги на двата краја имаат зглобни површини, а долните фаланги на долните краеви се рапави.
Болести и неправилности на раце[уреди | уреди извор]
- Полимелија е вродена мана кога поединец има повеќе дланки/раце отколку нормалниот број.[1]
- Полидактилија е вродена мана кога поединец има повеќе од нормалниот број прсти.[2]
- Инфекција на раце
- Операција на раце
Дланката како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]
- „Дланката што ја ниша лулката“ (The Hand That Rocks The Cradle) - песна на британската рок-група „Смитс“ (The Smiths) од 1984 година.[3]
- „Дланка во ракавица“ (Hand In Glove) - песна на британската рок-група „Смитс“ (The Smiths) од 1984 година.[3]
- „Плескај со дланките“ (Clap Hands) - песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1985 година.[4]
- „Терминатор Х зборува со неговите дланки“ (Terminator X Speaks With His Hands) - песна на американската рап-група „Паблик енеми“ (Public Enemy) од 1987 година.[5]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Three-armed boy to have surgery“. BBC News. 2006-05-31. Посетено на 2007-12-24.
- ↑ „Polydactyly and Syndactyly“. Milton S. Hershey Medical Center, Pennsylvania State University. Посетено на 2007-12-24.
- ↑ 3,0 3,1 DISCOGS, The Smiths – The Smiths (пристапено на 9.7.2019)
- ↑ DISCOGS, Tom Waits – Rain Dogs (пристапено на 20.7.2019)
- ↑ DISCOGS, Public Enemy – Yo! Bum Rush The Show (пристапено на 23.8.2019)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Повеќе за Дланка на збратимените проекти на Википедија | |
![]() |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? |
![]() |
Податотеки на Ризницата ? |
![]() |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? |
![]() |
Новинарски известувања на Викивести ? |
![]() |
Мисли на Викицитат ? |
![]() |
Изворни текстови на Викиизвор ? |
![]() |
Прирачници на Викикниги ? |
![]() |
Информации за патување во Википатување ? ? |
- Повреди и болести на дланките (англиски)
- Анатомија на дланката (англиски)
![]() |
Оваа статија за од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|