Непчена коска
Непчена коска | |
---|---|
![]() Трајни заби на горната вилица, (хоризонтален дел од непчената коска видлив на дното.) | |
![]() Бочна страна од черепот, (непчената коска е означена во долниот дел, лево.) | |
Податоци | |
Назнаки | |
Латински | Os palatinum |
MeSH | A02.835.232.781.324.502.660 |
TA | A02.1.13.001 |
FMA | FMA:52746 |
Непчената коска (латински: os palatinum) е парна коска сместена зад максилата.
Делови[уреди | уреди извор]
На непчената коска се разликуваат:
- Вертикална плочка (латински: lamina pependicularis) е сместена меѓу телото на максилата и крилестиот израсток од сфеноидалната коска. Таа учествува во градбата на латералниот ѕид од носната празнина.
- Водорамна плочка (латински: lamina horizontalis) се наоѓа зад непцевиот израсток од максилата и влегува во состав на коскеното непце градејќи ја неговата задна третина.
Зглобови[уреди | уреди извор]
Непчената коска се зглобува со коските на черепот кои се наоѓаат на задниот дел од носната шуплина помеѓу максилата и сфеноидалниот израсток. Учествува во градбата на три шуплини: латералниот ѕид на носната шуплина, покривот на устата , подот на орбитата така што формира инфериорна пукнатина.
Кај животните[уреди | уреди извор]
Кај рибите непчената коска се состои од плоча која лежи на внатрешниот раб од максилата. Непчени коски може да се сретнат и кај некои водоземци и жаби. Кај птиците непчените коски се одвоени од задниот дел од горната вилица.
Галерија[уреди | уреди извор]
-
Седум коски кои учествуваат во градбата на орбитата
-
Споеви на лева непчена коска со максилата
-
Медијален ѕид на левата орбита
-
База на черепот, инфериорни површини
-
Покривот, подот, и латералниот ѕид на левата носна шуплина
-
Непчени коски кај мачка (розов дел)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() | Оваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |