Прејди на содржината

Астма

Од Википедија — слободната енциклопедија
Астма
A diagram of the airways of a person with asthma.
За време на астматичен напад дишните патишта отекуваат и се полнат со мукус.
СпецијалностПулмологија
СимптомиПовторувачки епизоди на свирење во градите, кашлица, стегање во градите, отежнато дишење
КомпликацииГастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ), синузитис, опструктивна спиечка апнеа
Вообичаена појаваВо детството
ВреметраењеХронично
ПричинителиГенетски и фактори од средината
Ризик-факториЗагадување на воздухот, алергени
Дијагностички методВрз основа на симптомите, одговорот кон терапијата, спирометрија
ЛекувањеИзбегнување на тригерите, инхалирачки кортикостероиди, салбутамол
Честотаоколу 262 милиони (2019)[1]
Смртни случаиоколу 461,000 (2019)
Анимација на астматичен напад

Астма (од грчки: ἅσθμα) или задув — хронично воспаление на дишните патишта кое се одликува со различни повторувачки симптоми, реверзибилна опструкција и бронхоспазам[2]. Во вообичаени симптоми спаѓаат: тешко дишење, кашлање, стегање во градите и краток здив[3].

Се смета дека астмата е предизвикана од комбинација на генетски фактори и средината во која живееме. Дијагнозата се заснова на симптомите, одговорите на терапијата и спирометрија. Астмата се класифицира како атописка (вродена) и неатописка (стекната). Лечењето на акутните симптоми најчесто e со вдишување на краткоделувачки бета-2 агонисти (како што е салбутамол) и орално земање на кортикостероиди. Кај потешките случаи потребни се интравенски кортикостероиди, магнезиум сулфат и хоспитализација. Симптомите можат да се спречат со избегнување на предизвикувачите, како што се алергените и раздразнувачите како и употреба на инхалациони кортикостероиди. Долгоделувачките бета-агонисти или леукотриненски анатагонисти можат да се користат заедно со инхалационите кортикостероиди доколку симптомите на астмата не можат да се контролираат.

Знаци и симптоми

[уреди | уреди извор]

Астмата ја каратктеризираат повторувачки епизоди на отежнато дишење, стегање во градите и краток здив. Преку белите дробови со кашлање може да дојде до исплувка, но тоа тешко се искашлува. Со текот на оздравување од нападите, исплувката може да личи на гној поради големиот број на леукоцити наречени еозинофили. Симптомите најчесто се најсилни доцна во ноќта и рано наутро или кога се предизвикани од вежбање и ладен воздух.

Астмата е предизвикана од комбинација на сложени генетски интеракции и интеракција на средината. Овие фактори влијаат и на тежина и одговор на лечење. Се смета дека зголемениот број на заболени од астма е предизвикан од промената на епигенетиката (наследните фактори освен оние кои не се однесуваат на секвенците од ДНК) и животната средина.

Хигиенска хипотеза

[уреди | уреди извор]

Хигиенска хипотеза е теорија која пробува да го објасни глобалното зголемување на лица зболени од астма како директен и случаен резултат на смаленоста на изложеност на незаразни бактерии и вируси во текот на детството. Употребата на антибиотици во раната животна доба е поврзана со развој на астмата. Исто така и породувањето со царски рез е поврзан со зголемен ризик од појава на астма. Овој зголемен ризик се припишува на недостаток на здрави бактериски колонии кои новороденчето ги добива преку преминот низ породилниот канал.

Сстмата во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  • „Имам астма“ (англиски: I've Got Asthma) — песна на британската панк-рок група Тој долс (The Toy Dolls).[4]

Генетско наследство

[уреди | уреди извор]

Семејната историја претставува ризик-фактор за појава на астма при што учество земаат различни гени. Ако едниот од идентични близнаци има астма, веројатноста и другиот да заболи е 25%.

  1. „Asthma–Level 3 cause“ (PDF). The Lancet. 396: S108–S109. October 2020.
  2. NHLBI Guideline & 2007., стр. str ноември –12
  3. British Guideline & 2009., стр. str. 4
  4. Toy Dolls – We're Mad! (The Anthology) (пристапено на 26.12.2023)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Класификација
П · Р · П
Надворешни извори