Главоболката (англиски: Headache или Cephalgia) е еден од најчестите симптоми кај луѓето, што подразбира болка во пределот на главата, лицето и горниот дел на вратот. Таа настанува како последица на различни нарушувања: од безопасни состојби што не бараат никакво лекување до опасни болести за животот.
Главоболката се јавува кај приближно 10% од населението на западната полутопка и поради овој симптом околу 30% од нив се јавуваат на лекар. Во текот на животот главоболката се јавува најмалку еднаш кај 70-95% од луѓето и тоа најчесто на возраст од 20 - 40 години.[1]
Низ историјата имало неколку класификации на главоболката, а денес најмногу се користи онаа што ја објавило Меѓународното здружение за главоболка (англиски: International Headache Society), а се нарекува Меѓународна класификација на главоболката (англиски: The International Classification of Headache Disorders (ICHD))[2]. Првата верзија на таа класификација (ICHD-1) била објавена во 1988 година, додека сегашната ревизија ICHD-2 е објавена во 2004 година.[1]
Според новата класификација главоболките се делат во 14 класи. Првите четири класи ги опфаќаат примарните, следните осум ги опфаќаат секундарните главоболки, во класата 13 спаѓаат кранијалните невралгии, примарните и централните причина за болка на лицето, додека во класата 14 се некласифицираните и недоволно специфичните главоболки.
↑ 1,01,11,2Републичка стручна комисија за израду и имплементацију водича у клиничкој пракси, Министарство здравља Републике Србије, Српско лекарско друштво: Главобоља - национални водич за лекаре у примарној здравственој заштити, Београд, новембар 2005. ISBN 86-85313-31-7