Симптом

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Симптом потекнува од грчки збор и означува отстапување од нормалното функционирање на организмот, или некое чувство забележано од пациентот, кој тој го претставува како постоење на болест или некоја абнормалност. Кај различни болести може да се јаве еден ист симптом, но и ралични симптоми да се јават кај иста болест. Затоа вештината на докторот да ги протолкува зборовите на пациентот е од огромно значење и добро земената анамнеза од пациентот претставува половина дијагноза.
Терминот асимптоматска болест значи дека болеста е без симптоми и долго време може да не биде откриена, додека терминот симптоматска болест означува присуство на субјективни проблеми, од кој пациентот се жали и допринесува за откривање на болеста. Овие термини се користат често кај карциномите и означуваат поминување од еден во друг стадиум на болеста кога најчесто симптоматските пациенти се неизлечиви.

Симптом наспроти знак[уреди | уреди извор]

Симптомот е чисто субјективно чувство кое само пациентот го чувствува, не може да се измере или опише од друг. Болката на пример е симптом, додека жолтилото е знак. Понекогаш може еден ист ентитет може да биде и симптом и знак, на пример црвенило(пациетот го опишува како симптом, додека за докторот тоа е знак)
Симптомите се разликуваат од знаците по тоа што првите се субјективни и ги опишува пациентот, додека знаците се објективна појава и се регистрираат од другите(докторите).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]