Жолтица
Изглед
| Жолтица | |
|---|---|
| Жолтица на кожата предизвикана од хепатална инсуфициенција | |
| Специјалност | интерна медицина, заразна болест, хематологија, гастроентерологија |
Жолтица (исто така позната како иктерус, од грчкиот збор ίκτερος) се јавува како последица на зголемено ниво на билирубинот во крвта. Се манифестира со пожолтување на склерите, кожата и слузокожата.
Постојат повеќе видови на жолтица:
- прехепатална жолтица (при хемолиза)
- хепатоцелуларна жолтица (при хепатит, цироза)
- опструктивна жолтица (при опструкција на жолчните патишта од метастази, жолчни камења)
- неонатална жолтица.
|