Едуар Мане

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Едуар Мане

портрет одНадар
Родено име Édouard Manet
Роден 23 јануари 1832
Париз
Починал 30 април 1883
Париз
Националност Французин
Поле Сликарство
Правец Реализам, Импресионизам
Дела

Појадок на тревата (Le déjeuner sur l'herbe), 1863
Олимпија , 1863

Барот во Фоли-Бержер (Le Bar aux Folies-Bergère), 1882

Едуар Мане или Édouard Manet (на француски изговор [edwaʁ manɛ] (Париз, 23 јануари 1832 - Париз, 30 април 1883) бил француски сликар, непосреден претходник на импресионистите.

Неговото платно „Појадок на трева“, претставува една од првите слики, со која отстапи од конвенционалниот академски начин на сликање. Предимно сликаше во масло и тоа портрети (Зола, Клемансо, Пруст и други), но една од најомилените теми му беше сликањето во природа.