Ахим фон Арним

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ахим фон Арним
Ludwig Achim von Arnim.jpg
Портрет од Питер Едвард Штроелинг, 1803 година
Роден/аКарл Јоахим Фридрих Лудвиг фон Арним
26 јануари 1781
Берлин, Маркгрофија Брандербург
Починат/а21 јануари 1831(1831-01-21) (возр. 49)
Нидерер Флеминг, Брандербург,
Пруско Царство
НационалностГерманец
Апсолвент наХале-Витенбершки универзитет
Гетингенски универзитет
Книжевно движењеХајделбершки романтицизам
Значајни делаDes Knaben Wunderhorn
Сопруг/аБетина фон Арним

Потпис

Карл Јоахим Фридрих Лудвиг фон Арним (26 јануари 1781 - 21 јануари 1831), попознат како Ахим фон Арним — германски поет, романописец, и заедно со Клеменс Брентано и Јозеф фон Ајзендорф, водечка фигура на германскиот романтизам .

Живот[уреди | уреди извор]

Арним е роден во Берлин, во благородничкото Бранденбургшко семејствоУрадел првпат спомнато во 1204 година. Неговиот татко бил Прускиот соработник на царот ( Камерхер ) Јоаким Ердман фон Арним (1741–1804), царски пратеник во Копенхаген и Дрезден, кој подоцна бил и директор на Берлинската дворска опера. Неговата мајка, Амалија Карлонија Лабес (1761–1781), починала три недели по раѓањето на Арним.

Арним и неговиот постар брат Карл Ото детството го поминале со бабата на мајката Мари Елизабет фон Лабес, вдовицата на Михаел Габриел Фредерсдорф од нејзиниот прв брак, во Церников и во Берлин, каде се образувал воГимназијата Јоахимстал. Во 1798 година продолжил да студира право, природни науки и математика на Халешкиот универзитет. Неговите рани трудови вклучувале бројни статии за научните списанија. Неговото прво големо дело, Theorie der elektrischen Erscheinungen (Теорија за електричните појави) укажувала на наклонетост кон натприродното, вообичаеност меѓу германските романтичари. Во Хале се дружел со композиторот Јохан Фридрих Рајхард, во чија куќа се запознал со романтичарскиот поет Лудвиг Тик. Од 1800 година ги продолжил студиите на Гетингенскиот универзитет, каде се запознал со Јохан Волфганг фон Гете и Клеменс Брентано, по што го сменил интересот од природните науки кон литературата. Арним се стекнал со звањето доктор на медицина во 1801 година, но никогаш не работел по струка.

Тој продолжил да патува низ Европа со својот брат од 1801 до 1804 година. Во овој период ја запознал својата подоцнежна сопруга Бетина во Франкфурт, патувал по долината на Рајна заедно со Клименс Брентано, ја посетил Гермина де Стал во Копе, Фридрих Шлегел и неговата сопруга Доротеја во Париз и го продолжил своето патување кон Лондон и Шкотска.

Арним бил под влијание на пишувањето на Гете и Хердер, од кои научил да ги цени убавините на германските традиционални легенди и народни песни. По враќањето во Германија, тој започнал да создава збирка од песните и во 1805 година за првпат ги објавува, во соработка со Клеменс Брентано, под наслов Des Knaben Wunderhorn. По ова тој заминува во Вајмар да го види Гете, со цел да ја доуреди збирката. Во Франкфурт се сретна со адвокатот Фридрих Карл фон Савињи, почетокот на трајно пријателство.

Уредничкото дело на Арнимс се повеќе беше засегнато од Наполеонските војни . По поразот на Прсуија во Јена-Ауерштетската битка во 1806 година, тој заминал со кралскиот двор до Конигсберг, каде се придружил во кружокот на пруски реформатори предводени од Баронот фом Штајн. Во 1807 година се враќа назад во Вајмар и Касел, каде ги посетил браќата Грим и, конечно, во Хајделберг. Тој и Брентано го завршиле вториот и третиот том од својата збирка на народни песни и од 1808 година заедно со Јозеф Герес го објавуваат во Хајделберг важниот романтичен Zeitung für Einsiedler (весник за хермити) во 1808 година. Романтистичкиот кружок во Хајделберг, исто така, ги вклучувал Тик, Фридрих Шлегел, Жан Пол, Јустинус Кернер и Лудвиг Уланд .

Бетина фон Арним

Од 1809 година Арним повторно се сели во Берлин, меѓутоа, неговите планови за влез во пруската државна служба пропаднале. Во 1810 година тој се венча со својата љубов и на 11 март 1811 година се родила нивната ќерка Жизел (едно од седумте деца) која и самата станува позната писателка. Набргу по нивниот брак, двојката заминува во посета на Гете во Вајмар, меѓутоа, повторната средба била засенета од вжештената кавга помеѓу Бетина и сопругата на Гете, Кристина.

Во Берлин, Ахим работел на зачувување на творештвото на Хајнрих фон Клајст и го основал патриотското здружение на христијани Deutsche Tischgesellschaft. Тој бил во постојан контакт со пруските патриоти Адам Хајнрих Милер и Фридрих де ла Мот Фуке, па дури и командувал со баталјонот „ Ландштурм“ за време на германскиот поход од 1813 година. Од октомври 1813 година тој работи како издавач на берлинскиот весник „Пруски допис“, сè додека не влегол во кавга со неговиот претходник Бартолд Георг Нибер во февруари 1814 година.

Додека неговата сопруга престојувала во Берлин, Арним во 1814 година се сместил во Кунстлерхаус Шлос Виперсдорф, неговиот семеен дом, каде живеел до својата смрт предизвикана од мозочен удар во 1831 година. Неговото творештво, објавено во весници, списанија и алманси, како и самостојни книги, вклучува романи, драми, приказни, песни и новинарски творби. По неговата смрт, неговата библиотека ја презела дворската библиотеката од Вајмар.

Трудови[уреди | уреди извор]

Арним се смета за еден од најважните претставници на германскиот романтизам. Неговите дела се собрани, во дванаесет тома (1839–48) со вовед од Вилхелм Грим. Хајнрих Хајн напишал еулогија за Арним во неговото дело Дојчланд. Познати негови дела се:

Des Knaben Wunderhorn, Мориц фон Швинд, околу 1850 година
  • Hollin's Liebeleben (1802)
  • Ariel's Offenbarungen (1804)
  • Des Knaben Wunderhorn (Folktale Collection, 3 vol., with Clemens Brentano, 1806 and 1808)
  • Tröst Einsamkeit (Book collection of Arnim's published Zeitung für Einsiedler, 1808)
  • Der Wintergarten (1809)
  • Mistris Lee (1809)
  • Armut, Reichthum, Schuld und Buße der Gräfin Dolores (1810)
  • Halle und Jerusalem (play, 1811)
  • Isabella von Ägypten. Kaiser Karl des Fünften erste Jugendliebe (новела, 1812)
  • Schaubühne (драма, 1813)
  • "Frau von Saverne" (сказна, 1817)
  • Die Kronenwächter. Bd. 1: Bertholds erstes und zweites Leben (недовршена новела, 1817)
  • Der tolle Invalide auf dem Fort Ratonneau (новела, 1818)
  • "Fürst Ganzgott und Sänger Halbgott" (сказна, 1818)
  • Die Gleichen (драма, 1819)
  • "Die Majoratsherren" (сказна, 1820)
  • "Owen Tudor" (сказна, 1820)
  • "Landhausleben" (сказна, 1826)
  • Die Päpstin Johanna (објавена посмртно Бетина фон Арним, 1846)

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Дела од {{{name}}} на проектот „Гутенберг“
  • Дела од или за Ахим фон Арним на Семрежниот архив
  • Speaker Icon.svg Дела од Ахим фон Арним на LibriVox (аудиокниги во јавна сопственост)
  • Дела од Ахим фон Арним во Open LibraryСемрежен архив
  • Arnim, Ludwig Achim : von (1924). Tröst Einsamkeit. [München]: [Meyer & Jessen].
  • Arnim, Ludwig Achim : von (1857). Die Kronenwächter. 1. Berlin: Arnim.