Лудвиг Уланд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лудвиг Уланд во 1818 г.

Јохан Лудвиг Уланд (германски: Johann Ludwig Uhland; 26 април 1787 - 13 ноември 1862) — германски поет, филолог и книжевен историчар. Познат е како автор на песната „Добриот другар“ (Der gute Kamerad) која се изведува на погреби на паднати војници.

Животопис[уреди | уреди извор]

Уланд се родил во Тибинген, Виртемберг, каде студирал јуриспруденција на тамошниот универзитет, но исто така се интересирал и за средновековната литература, особено за старата германска и француска поезија. Откако дипломирал како доктор на право во 1810 година, тој отишол во Париз за да продолжи со студиите по поезија; а од 1812 до 1814 година работел како адвокат во Штутгарт, во бирото на министерот за правда.

Творештво[уреди | уреди извор]

Зборувајќи за Уланд, Гете изјавил дека, штом е толку популарен, во него мора да има нешто одлично. Меѓутоа, според неговото признание, Гете немал никакво мислење за песните на Уланд, кои започнал да ги чита со најдобра намера, но уште на почетокот наишол на толку слаби и тажни песни, што немал волја да чита понатаму. Меѓутоа, читајќи ги баладите на Уланд, Гете забележал одличен талент и се уверил дека, делумно, неговата слава е оправдана.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Beograd: Rad, 1960, стр. 65.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]