Царскоселски лицеј
Царскоселскиот ликеј, Императорски Царскоселски ликеј, Александровски ликеј (рус. Царскосельский лицей, Императорский Царскосельский лицей, Александровский лицей) во Царское Село близу Санкт Петербург бил основан од царот Александар I со цел за образување на млади од најистакнатите семејства, кои подоцна би вршеле важни функции во царството.
Регулативите на ликејот биле објавени на 11 јануари 1811, а добиле царско одобрување на 12 август 1810, кога било одредено дека живеалиштата ќе бидат во новото четирикатно крило на Големиот дворец, со посебни простории за болница кујна и други домашни потреби, како и живеалиште за административниот пресонал. Неокласичната зграда, дело на архитектот Василиј Статсов, била сместена веднаш до Катеринскиот дворец, а со неа биле дадени и мебел и покуќнина.
Царскоселскиот ликеј бил отворен на 19 октомври 1811. Првите дипломци станале брилијантни дејци, меѓу кои Александар Сергеевич Пушкин и Александар Горчаков. Отворањето се празнувало секоја година со свечености и гозби, за кои Пушкин секогаш имал спремно нови стихови. Во јануари 1844 ликејот бил преместен во Санкт Петербург.
За време на 33-те години на постоењето на Царскоселскиот ликеј, во него завршиле 286 дипломци. Најпознати од нив биле Антон Делвиг, Вилхелм Кихелбекер, Николај Гирс, Димитриј Толстој, Јаков Карлович Грот, Николај Данилевски, Алексеј Лобанов-Ростовски, Фјодор Шчербастској и Михаил Салтиков-Шчедрин.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Царски ликеј - од Царское Село во 1910 (англиски)
- Пушкин и Ликејот Архивирано на 16 декември 2005 г. (руски)