Прејди на содржината

Ликеј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пајонски племиња.
Сребрена тетрадфахма на Ликеј. Дел од постава на бугарски музеј

Ликеј (356-340 г. п.н.е) бил пајонски крал.[1]

Тој бил син или близок роднина на пајонскиот крал Агис. Бил принуден да ја признае врховната власт на македонскиот крал Филип II Македонски (358 пр.н.е.), а потоа ја искористил можноста и се приклучил кон антимакедонската коалиција предводена од Атина, во која учествувале и тракискиот крал Кетрипор и илирскиот крал Граб. Но по неуспехот бил принуден пак да ја признае врховната власт на Македонското Кралство. Познат е по развиена монетарна продукција. Ковел монети според редуцираниот феникиски стандард, подоцна познат како пајонски.[2][3]

  1. Percy Gardner, Catalogue of Greek Coins: Thessaly to Aetolia, 2004, front matter: "... present to the money of Philip II of Macedon, and Lycceius and Audoleon, kings of Paeonia, that they must be given ..."
  2. Diodori, Bibliotheca historica, Leipzig,1896.
  3. Петрова, Е. Пајонија, Скопје, 1999.

Поврзано

[уреди | уреди извор]