Висарион Белински

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Висарион Белински
Виссарио́н Бели́нский
Vissarion Belinsky by K Gorbunov 1843.jpg
В. Белински, литографија од Кирил ГорбуновKirill Gorbunov
Роден/аВисарион Григорјевич Белински
11 јуни 1811(1811-06-11)
Свеаборг, Големо Војводство Финска
Починат/а7 јуни 1848(1848-06-07) (возр. 36)
Санкт Петербург, Руско Царство
ЗанимањеУредник на Современик и Отечествени записки
Националноструска
Период1830s–1840s
Жанркритика
Предметкнижевност
Книжевно движењезападништвоs
руски шелингизам[1]
Биста на Белински
Советска поштенска марка од 1957 година со Висарион Белински

Висарион Григорјевич Белински(руски: Виссарион Григорьевич Белинский)[2] (Свеаборг, 11 јуни 1811Санкт Петербург, 7 јуни 1848) – руски книжевен критичар со прозападна тенденција.[3] Белински одиграл една од клучни улоги во кариерата на поетот и издавач Николај Некрасов и неговиот популарен магазин „Современик“. Бил највлијателниот прозападник, особено кај помладата генерација. Главно работел како книжевен критичар бидејќи оваа област не била толку силно цензурирана од политичките памфлети. Се сложувал со славофилите дека општеството има предност пред индивидуализмот, но инсистирал дека општеството треба да дозволи изразување на индивидуалните идеи и права. Силно им се спротивставувал на славофилите за улогата на православието кое го сметал за ретроградна сила. Ги нагласувал разумот и знаењето, а ги напаѓал автократијата и теократијата.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Routledge Encyclopedia of Philosophy (1998): "Schellingianism, Russian".
  2. „Bjelinski, Visarion Grigorijevič“.
  3. Leier, Mark (2006). Bakunin: The Creative Passion. Seven Stories Press. стр. 68. ISBN 978-1-58322-894-4.
  4. Neil Cornwell, "Belinsky and V.F. Odoyevsky." Slavonic and East European Review 62.1 (1984): 6-24. online

Надворешни врски[уреди | уреди извор]