Цигани (Пушкин)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Цигани“ (руски: Цыга́ны) — поема на рускиот поет Александар Сергеевич Пушкин. Откако поминал неколку дена меѓу Циганите во Бесарабија, Пушкин работел на поемата во Одеса, од јануари до октомври 1824 година, потоа продолжил во февруари 1825 година во Михајловско, а конечната редакција потекнува од крајот на 1825 година. Врз основа на поемата, во 1892 година, рускиот композитор Сергеј Рахманинов ја напишал својата прва опера „Алеко“.

Содржина[уреди | уреди извор]

Осврт кон делото[уреди | уреди извор]

Поемата „Цигани“ спаѓа во циклусот на Пушкиновите „бајроновски“ поеми напишани во времето кога тој, според сопственото признание, „лудувал над Бајроновите книги“. Сепак, во неа можат да се најдат јасни антиромантичарски ставови. Всушност, целата оваа поема претставува одговор на едно од клучните прашања на европскиот преромантизам - на русоовскиот повик за враќање кон природата. Пушкин го испратил својот книжевен јунак Алеко, човек уморен од цивилизацијата и доведен до злосторство, меѓу чергарите кои скитаат низ Бесарабија. Во степата, Алеко води слободен живот и така го остварува русоовскиот експеримент за враќањето кон природата. Меѓутоа, Пушкин сфаќа дека тоа не е доволно за да се оствари среќен и хармоничен живот и во заклучокот на поемата го негира преромантичарскиот идеал, пеејќи:[1]

Но, малку среќа и тука има,
Деца на природата, меѓу вас...
Од кобните страсти секаде се страда
И од нив нас ништо не нè брани.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Milorad Pavić, „Predgovor“, во: A. S. Puškin, Lirika. Beograd: Rad, 1979, стр. 15.