Прејди на содржината

Виулица (Пушкин)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Виулица
Илустрација за француското издание од 1843 година
АвторАлександар Пушкин
Изворен насловМетель
ЗемјаРуско Царство
Јазикруски
Жанрповест
Издадена
1831

Виулицаповест на А.С. Пушкин од циклусот на Белкинови повести, напишана во 1830 година и објавена во 1831 година. Повеста е напишана последна во циклусот: била завршена на 20 октомври 1830 година.

Како и приказната за Госпоѓица-селанка, на Белкин приказната му ја „раскажала“ девојката К.И.Т.

Делови од повеста се совпаѓаат со баладата Светлана на В. Жуковски, почнувајќи од епиграфот, општото мистично расположение и завршувајќи со расплетот-излагањето.[1]

Дејството започнува на крајот на 1811 година, а главните ликови се Марија Гавриловна, армискиот поручник Владимир Николаевич и хусарскиот полковник Бурмин, за кого Марија се омажила по забуна.

Марија била ќерка на богатиот земјопоседник Гаврило Гаврилович и важела за богата девојка за мажење. Била вљубена во сиромашниот армиски поручник Владимир Николаевич, кого нејзините родители го сметале за несоодветен избор. Но, двајцата млади многу се сакале, па младиот човек дошол на идеја тајно да се венчаат и да се кријат некое време, а потоа „да се фрлат пред нозете на родителите, кои секако ќе бидат трогнати од херојската доследност и несреќа на љубовниците, па секако ќе им речат. Деца! Дојдете во нашите прегратки“.

Марија долго се колебала, но конечно се согласила: се договорила таа да не вечера на денот на бегството, туку да отиде во својата соба со изговор дека ја боли главата. Заедно со својата слугинка ќе се прикраде во градината на задната врата каде што ќе ги чека санка и ќе ги однесе од нивното село Ненарадово во селото Жадрино, во тамошната црква, каде што ќе ги чека Владимир.

На денот на бегството се кренала голема снежна виулица; девојката ги спакувала своите работи и напишала две проштални писма, за пријателката и родителите, и заминала со кочија според планот.

Во тоа време, Владимир вршел подготовки за венчавката: го убедил свештеникот, нашол двајца сведоци, го испратил својот кочијаш Терешко да ја земе Марија. Сам тргнал во Жадрино во мала санка со еден коњ. Но, поради снежната виулица се изгубил по пат, залутал во непознато село и додека со водич пристигнал во Жадрино веќе било утро, а црквата била затворена.

За тоа време Марија се вратила дома, и ги уништила писмата, а вечерта имала висока температура поради што поминала две недели во кревет. Често бладала, па нејзините родители сфатиле дека таа страда за Владимир и решиле да го благословат нивниот брак. Но, Владимир на нивната покана одговорил со „полулудо писмо“ во кое им јавил дека „неговата нога никогаш нема да го премине нивниот праг и ги молел да го заборават несреќникот чија единствена надеж е смртта“. По неколку дена дознале дека отишол во војска. Тоа било во 1812 година, на почетокот на Наполеоновата инвазија на Русија. На ќерката не ѝ го спомнувале тоа, а таа сама подоцна го пронашла неговото име на списокот на одликувани и тешко ранети.

После тоа, семејството го снашла нова неволја - починал таткото на Марија Гаврило, а таа и нејзината мајка го напуштиле Ненарадово и започнале нов живот на имотот ***. Марија имала многу додворувачи, но тагувала по Владимир, кого повеќе го немало - починал во Москва спроти доаѓањето на Французите.

Во меѓувреме, војната завршила и војниците почнале да се враќаат дома. На соседниот имот се вратил Бурмин, дваесет и шестгодишен хусарски полковник, а Марија му посветувала повеќе внимание отколку на другите момци. Сите забележале дека се заљубени, зборувале за свадба како завршена работа, а нејзината мајка се радувала на достоен вереник. Наскоро Марија решила да му ја каже својата тајна на Бурмин. Но, на денот на романтичната исповед и тој и признал дека има „страшна тајна“ – дека е оженет.

Тој раскажал дека во почетокот на 1812 година побрзал за Вилно, каде што се ноѓал неговиот полк. Поради снежната виулица накратко застанал, но немал повеќе трпение да чека, па продолжил понатаму и се нашол во непознато село, во близина на отворена црква. Го поканиле внатре и го одвеле кај една девојка. Еден стар свештеник му пришол и го прашал дали може да започне. Расеан, тој одговорил дека може. Девојката ја придржувале тројца мажи и слугинка, а на попот му се брзало. Ги венчале, а на крајот девојката го погледнала и извикала дека тој не е правиот вереник. Излегол од црквата и побегнал на санка. Тој ѝ признал на Марија дека повеќе не се сеќава на селото во кое бил, дека слугата што бил со него загинал во војната и дека не се надева дека ќе го открие идентитетот на девојката. После тоа, Марија го прашала: „Значи, вие бевте! И не ме препознавате?“. Бурмин побледел и паднал пред нејзините нозе.

Екранизации и музички адаптации

[уреди | уреди извор]

Според делото, во 1965 година советскиот режисер Владимир Басов снимил истоимен филм[2]

Музиката за филмот ја напишал Георгиј Свиридов, кој подоцна ја адаптирал за истоимената музичка свита. „Музичките илустрации на приказната на Александар Пушкин“ на Свиридов се главно непознати во Америка, но многу популарни во Русија.[3] Свитата има девет ставови:

  1. Тројка
  2. Валцер
  3. Пролет и есен
  4. Романса
  5. Пасторала
  6. Воен марш
  7. Венчавка
  8. Одгласи на валцерот
  9. Зимски пат
  1. A.S. Puškin, Kommentarii Архивирано на 22. kolovoza 2010.., Povesti pokojnogo Ivana Petroviča Belkina, Prosveščenije, preuzeto 7. rujna 2013.
  2. IMDB, Mećava, preuzeto 7. rujna 2013.
  3. Mihejeva, L., Sviridov. Mećava, Belcanto, preuzeto 7. rujna 2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]