Повест
| Книжевност |
|---|
Основни облици |
| Родови |
|
Епика · Лирика · Драма |
| Извори |
| Форми |
| Историја и списоци |
|
Општ преглед на книжевноста |
| Дискусија |
Повест (англиски: novella) — кратко прозно дело што според обемот е подолго од расказот, а пократко од романот. Вообичаено содржи меѓу 17.500 и 40.000 збора.
Често фабулата на повестите се состои од исечок за нечиј живот, па така најчесто содржи само еден главен настан и неколку ликови. Дејството се случува во релативно краток временски период и на релативно ограничен простор во однос на романот. На англиски јазик, овој жанр е познат како novella.
Одлики
[уреди | уреди извор]Повеста обично содржи помалку судири од романот, но сепак има посложени судири од расказот. Судирите, исто така, имаат повеќе време да се развиваат отколку во расказите. Повестите можат, но не мора да бидат поделени на поглавја (добар пример е Животинска фарма од Џорџ Орвел), а белиот простор често се користи за поделба на секциите, нешто што е помалку вообичаено кај расказите. Повеста, како и расказот, може да биде наменета да се прочита во едно седење и на тој начин да произведе целосен ефект кај читателот.
Според Ворен Кариу, „повеста во целост не е формално експериментална како што можат да бидат долгите раскази и романите, а обично ѝ недостасуваат споредни заплети, повеќекратните гледишта и родовата прилагодливост што се вообичаени во романите. Најчесто се занимава со личниот и емоционалниот развој, а не со пошироката општествена сфера. Повеста обично задржува дел од единството на впечатокот што е одлика на расказот, но исто така содржи и многу развиена карактеризација и побогат опис“.[1]
Терминологија: Повест наспроти новела
[уреди | уреди извор]Во македонската книжевна терминологија постои суптилна разлика помеѓу овие два поими:
- Повест се однесува на средната епска форма (англ. novella).
- Новела (која во македонскиот речник е поблиска до „расказ“) потекнува од италијанскиот збор novella (новост).
За основоположник на новелата како жанр се смета Џовани Бокачо со збирката „Декамерон“. Иако неговите кратки форми извршиле големо влијание врз развојот на прозата, современата повест како подолга форма се развива подоцна, зголемувајќи ја сложеноста на дејството во споредба со оригиналниот ренесансен модел.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Encyclopedia of literature in Canada. Edited by William H. New. University of Toronto, 2000. стр. 835.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| Видете повест во Викиречник, слободниот речник. |