Пченкарно поле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Пченкарно поле“, 1826

Пченкарно поле (англ. The Cornfield) е слика во масло на платно од Џон Констабл. Завршена е во 1826 и за прв патизложена во Кралската академија истата година. Димензиите ѝ се 143 на 122 cm.

Самиот Констабл сликата ја нарекувал „Момче што пие“ (The Drinking Boy) и се смета дека на неа е прикажана патека која води од Источен Берголт кон Дедем (видете Дедемска Долина).